ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и петто коло

Веќе ја пофаливме вајлдкартата на Крсте Танчевски минатото коло; ова, дваесет и петто, само докажа дека и тој и ние сме биле во право. По два последователни трицифрени скора, Крсте ја разби монотонијата во Топ 3 во нашата ФПЛ.мк лига. Ама сè уште не е прв.

Тој епитет и натаму стои покрај името на Дарко Попоски кој колово го направил најразумниот трансфер што можел: Рафиња место Соучек. Па, така го придодал и третиот супер-Лидсовец на Далас и Бамфорд и завршил многу работа. Ќе завршел и повеќе да го преферирал Џонстон пред Мартинез и Антонио пред Адамс. Ама и вака не е страшно: одлични 85 поени за Дарко и зелена стрелка дури и во светската лига, каде сега е 3.507-ми. Во Македонија има само шест играчи подобри од Дарко во моментов.

17 поени зад Дарко и 10 места зад него во македонската лига е новодојденикот во Топ 3: Крсте Танчевски. И покрај тоа што Крсте собрал дури 105 поени колово – благодарение на веќе споменатата вајлдкарта од минатото коло и тактички одиграниот bench boost – сигурно има многу што да жали: да не направел ниеден трансфер, сега би бил само на 2 поени од врвот во нашата лига и осмо место во Македонија. Ама Крсте направил два трансфери – за -4 – и едниот и другиот ги зgрешил: Сон и Ингс на три натпревари му собрале 5 поени, а извадените Ричарлисон и Стерлинг, иако играа против Ливерпул и Арсенал, ќе му донеле 16 поени само да му останеле во екипа.

Иако многу помалку од Крсте, и Александар Димовски, кој сега падна на третата позиција, може да жали за трансфер-политиката пред дваесет и петтото коло: Ингс место Антонио. Но, да бидеме реални, четирите поени што би ги заштедил од трансферот не би му смениле премногу: тимот на Александар, сепак, собрал само 66 во коло во кое просекот на Топ 1000 во светот беше 77. А тој е доволно високо за да биде разочаран дури и кога вака, ќе има удобни 11 поени над светскиот просек. Оттука и црвените стрелки покрај неговото име. Александар колово испадна и од Топ 20 во Македонија и од Топ 10.000 во светот. Но, блиску е и до едното и до другото. Ќе се врати. За разлика од Крсте и Дарко – а и од оние зад него – Александар нема искористено ниеден џокер освен задолжителната полусезонска вајлдкарта. Му завидуваме.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Дарко Попоски 0 3507 85 1701 0 Бамфорд Бруно 15 1 11
2 Крсте Танчевски +2 7649 101 1684 17 Бамфорд Сон BB 0 2 (-4) -15
3 Александар Димовски -1 11320 66 1674 27 Бамфорд Ингс 3 1 -4
4 Стојче Гочев -1 12194 84 1672 29 Бамфорд Рафиња 11 1 1
5 Филип Митрески 0 15253 85 1666 35 Бамфорд Рафиња 10 1 -1
6 Александар Настовски 0 15850 86 1665 36 Бамфорд Бруно 4 2 6
7 Александар Бачески +2 19649 101 1659 42 Бамфорд Ингс 12 1 -5
8 Дане Србакоски 0 33445 73 1644 57 Бамфорд Бруно 8 1 -5
9 Оливер Михајловски -2 33632 68 1644 57 Бамфорд Ингс WC 6 0 0
10 Виктор Јованоски 0 33720 86 1644 57 Бамфорд Рафиња 15 1 3