ФПЛ.мк најава за седумнаесетто коло

Последното коло од 2020-та испадна лика и прилика на целата година: непредвидливо, хаотично и полно со „што ако?“ Ама, ајде 2021-ва ќе биде подобра. Среќна Нова, ФПЛ менаџери! Многу здравје, љубов и успеси нареднава година – а богами и понекој погоден троен капитен!

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по шеснаесетто коло

Велат формата е менлива, ама класата – вечна. Па, не нè чуди што сè повеќе во Топ 10 од нашата ФПЛ.мк лига почнуваме да гледаме имиња на кои се навикнавме ланската сезона. Едно такво имаме на третото место. На самиот врв – прво и второ место – немаме никакви промени. Што значи, честитки за Александар Димовски – полусезонскиот шампион!

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за шеснаесетто коло

Шеснаесетто ќе биде последното коло за годинава. Оние со вајлдкарти – играјте ги сега. Останатите, молете се да нема многу играчи што ќе одмораат. И, секако, прочитајте ја нашата најава за информација повеќе.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по петнаесетто коло

Немаме премногу време да чекаме ФПЛ да ја апдејтува табелата од нашата ФПЛ.мк лига, па ќе се послужиме со неколку табели во живо за да си ја апдејтуваме виртуелно. Не гарантираме за точноста на сите податоци – ама, ако ги има, претпоставуваме дека грешките се минимални.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за петнаесетто коло

Боксинг деј годинава ќе биде осиромашен од новогодишна атмосфера, а така некако ќе изгледа и Емирејтс ако Артета не успее да го добие Челзи. Многу веројатно, некој од Салах, Мане или Де Брујне ќе им донесе поран новогодишен подарок на многу ФПЛ менаџери. Само кој?

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по четиринаесетто коло

Фантастични просеци во нашата ФПЛ.мк лига колово. Немавме видено трицифрена бројка долго, а колово имаме тројца со по 100 поени само во првите 30: Горан Јанев, Александар Настовски и Елеонора Атанасовска. Капа долу! А не дека и оние во Топ 3 имале прелошо коло.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за четиринаесетто коло

Минатово коло уживавме во еден прекрасен дерби натпревар, Ливерпул-Тотенхем. Ова коло можеби немаме таков блокбастер, но имаме три меча што ветуваат доволно: Саутемптон-Сити, Тотенхем-Лестер и Евертон-Арсенал. На ФПЛ план, баш и немаме изразит фаворит за капитен. Можеби Салах.

Прочитајте повеќе
1 2