ФПЛ.мк најава за десетто коло

Менито од десеттото премиерлигашко коло содржи еден превкусен деликатес: дуел на врвот, меѓу Челзи и Тотенхем, меѓу Кејн и Вернер, меѓу Лампард и Мурињо. Во меѓувреме, натпреварите на Сити, Ливерпул и Лестер ветуваат коло со високи ФПЛ просеци – и со слатки капитенски маки.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по деветто коло

Да парафразираме наслов на една популарна YA книга, мноштво Александровци на врвот на нашата ФПЛ.мк лига по деветтото коло: дури четворица во Топ 10. Како и минатото коло, само еден од нив е во Топ 3 – овој пат рангиран и едно место погоре.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за деветто коло

Челзи со Њукасл, Манчестер Јунајтед со ВБА, Евертон со Фулам… Многу привлечни ФПЛ опции за деветтото коло. Исто така, и два многу привлечни натпревари за гледање: Ливерпул без одбрана и без Салах го пречекува Лестер, а на дуелот Тотенхем – Манчестер Сити, силите по 24 пат ќе си ги одмерат Жозе и Пеп.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по осмо коло

Ситни промени на врвот во нашата ФПЛ.мк лига, но и двајца новодојденци во Топ 10 – и едниот и другиот добро познати од ланската сезона: Александар Тасевски и Крсте Танчевски. Што би рекле Англичаните, формата е менлива, ама класата си останува класа.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по седмо коло

Не му требаше многу на Виктор Џамто да си ја врати првата позиција во нашата ФПЛ.мк лига.  Бојан Борисовски, пак, после едно ужасно коло (нема што не му тргнало наопаку) отпадна од водечката тројка. На негово место, директно на втората позиција, дојде Александар Димовски.

Прочитајте повеќе