ФПЛ.мк најава за 35+ коло

Откако ја раситнивме последната „петка“, влегуваме во последните четири кола за оваа сезона. А во неа, многу нејаснотии. Првите две екипи, и последната, се извесни. Но кој ќе се пласира во местата за ЛШ и ЛЕ догодина, како и тоа кој ќе оди (или ќе се врати) во Чемпионшип, остануваат отворени прашања. Па ајде да видиме што ни носи новото викенд возбудување во Премиер лигата.

сабота, 11 јули 2020, 13:30h

Норич 1 2 Вест Хем
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Антонио
Најава

Некако сите очекуваме Норич да изгуби сѐ до крај. Бидејќи е веќе испаднат, нели? Минатото коло можеби и немаше да загуби, да не беше супер-голот на Велбек. Сега е на ред дуел со Вест Хем, нова екипа од истиот дел на табелата, на која и гори под нозе. А Чеканите разочараа минатото коло, па во очајно издание беа минимално поразени од Барнли, на својот стадион. Сега ќе мора да се вадат, па очекуваме многу подобра игра, и поголема офанзива од момците на Мојс.

Додатни ФПЛ белешки

Искрено, и да се обидеме да ви препорачаме некој Канаринец, нема да успееме да ве убедиме. Нема ни потреба. Од другата страна, по бледата игра со Барнли, можеби само Антонио од Вест Хем, кој во моментов игра најистурен во нападот. Сега очекуваме старт и од Алер, но сепак, би се одлучиле само за Англичанецот.

сабота, 11 јули 2020, 13:30h

Вотфорд 1 1 Њукасл
ФПЛ опции
Велбек
Сар
ФПЛ опции
/
Најава

Одлично е кога во својата екипа имате поранешен шампион, кој иако во поодминати години, и зад кого се најдобрите играчки денови, сепак ќе знае да погоди кога е тоа најпотребно за својата екипа: Велбек! Њукасл пак беше декласиран во синиот дел на Манчестер, со петарда, и сега сигурно ќе сака да го поправи впечатокот. Очекуваме реми. Њукасл е постабилен, но на домаќините им се попотребните бодовите од оваа средба.

Додатни ФПЛ белешки

Велбек го постигна првиот и единствен гол во жолто-црниот дрес. И тоа каков гол! Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Арсенал, против Норич само трет пат сезонава одигра цели 90 минути, па иако не е играч кој може да игра на секои три дена, дали Пирсон може да бира? Па и да влезе од клупата, ќе биде главна закана за Дубравка. Секако, тој и Сар, кој има 5 гола и исто толку асистенции сезонава. Њукасл е во проблеми со повредите, па не би бирале нивни играч во ова коло.

сабота, 11 јули 2020, 16:00h

Ливерпул 2 0 Барнли
ФПЛ опции
Салах
Мане
ТАА
Робертсон
ФПЛ опции
/
Најава

Ливерпул се екипата која најбрзо стигнала до 30 победи во една сезона, и уште сега имаат собрано повеќе поени од некоја екипа на шампионски Манчестер Јунајтед што некогаш имала. А има уште 4 кола. Ова второто го пишуваме само поради ривалството на двете екипи. Тие не брилираа со Брајтон, и дадоа два гола по големи грешки на противниците, но на крајот искочија лесни 3 за Црвените. Барнли пак игра одлична и стабилна сезона, и ужива во горниот дел на табелата, не далеку и од европските места за догодина. Сепак, на Енфилд, тешко да ќе имаат некакви шанси за бодови.

Додатни ФПЛ белешки

Салах продолжува во трката за златната копачка со новите два гола, за вкупно 19. Но, по Фирмино со Астон Вила, и Мане со Брајтон, можеби е време за Египќанецот да почне од клупата. Тоа го знае само Клоп. Истото важи и за бековскиот двоец. Робертсон започна од клупата во минатото коло, па дали е дојдено времето за прв пат сезонава тоа да се случи и со ТАА? Секако, тоа би разочарало многу ФПЛ менаџери. Да сумираме, Мане би бил најсигурната ливерпулова варијанта за ова коло.

сабота, 11 јули 2020, 18:30h

Шефилд Јунајтед 0 1 Челзи
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Вилијан
Пулишиќ
Аспиликуета
Најава

Залетаниот Челзи го презема третото место на табелата. Со оглед на распоредот до крајот, очекуваме таму и да останат. Шефилд Јунајтед продолжува да сонува за Европа, па го искористи ремито на Арсенал и Лестер, и со гол во судиското продолжение против Вулвси, го поминаа лондонскиот тим на табелата, и се вратија во игра за ЛЕ. Сепак, Челзи е во налет, па сигурно во еден тврд натпревар, ќе пробаат да ги однесат трите бода во западен Лондон.

Додатни ФПЛ белешки

Челзи, во Вилијан и Пулишиќ, ги има едни од двајцата играчи со најдобра моментална форма во Премиер. Вилијан, по трите врзани гола, во минатото коло не ја затресе мрежата на Гуаита, но затоа пак два пати асистираше. И Пулишиќ нема прескокнато коло, од последните пет, во кое не забележал гол или асистенција (3 гола и 3 асистенции). Па сега, иако против одлично организираната одбрана на Сечилата, сепак не може да не одбереме барем еден од двоецот на Лампард.

сабота, 11 јули 2020, 21:00h

Брајтон 1 2 Манчестер Сити
ФПЛ опции
Тросар
ФПЛ опции
КДБ
Стерлинг
Махрез
Жезус
Најава

Манчестер Сити стана првата екипа во историјата на Премиер лигата, кој во една сезона имала 5 стрелци на двоцифрен број на погодоци (Агуеро – 16, Стерлинг – 13, Жезус – 11, КДБ – 11 и Махрез – 10). И уште една информација: Давид Силва забележал по 10+ асистенции во секоја од десетте негови сезони во Премиер. Мислиме дека е доволно за Сити. Од друга страна Брајтон пружи достоен отпор против новиот шампион, и создаде многу шанси за гол, но сепак не освои ни бод против Ливерпул. Очекуваме сличен натпревар и сега.

Додатни ФПЛ белешки

Гореспоменатите бројки, кажуваат сѐ за играчите на Сити. Колово веројатно Махрез по двата старта ќе почне од клупата, а Стерлинг ќе се врати помеѓу стартните 11. КДБ одигра цели 90 минути, но годинава е преголем ризикот да се почне без него. И тука доаѓаме до Габриел Жезус. Бразилецот во последно време се наоѓа често во пофалбите од Пеп, за залагањето и неговата позиционираност на натпреварите. Факт е дека ретко кога игра по 90 минути, но во минатото коло го прекина постот од 6 натпревари без погодок, а се чини дека и Пеп го „остри“ за поважните натпревари во ФА купот и ЛШ. Од другата страна, Тросар е најопасен кај Потер, па на последните два натпревари врза и два гола. Со Ливерпул, имаше шанси да постигне и повеќе од еден.

недела, 12 јули 2020, 13:00h

Вулвс 1 1 Евертон
ФПЛ опции
Хименез
ФПЛ опции
Ричарлисон
Дињ
Најава

Волците врзаа два порази во серија, и тоа без постигнат гол, откако фуриозно ја рестартираа сезоната со три победи. Па еве сега ЛШ делува сѐ подалеку. Од другата страна ќе биде Евертон, кој некако ни е прва асоцијаци за „топло-ладно“ сезонава, но тие реално не играат за ништо, па Карло го спрема изгледот на екипата за следната сезона.

Додатни ФПЛ белешки

Проблем кај Вулвси станува нивното најсилно оружје. Само 4 шута во противничките шеснаестерци, и без регистрирана голема шанса за Хименез на последните 4 натпревари. Од другата страна и Калверт-Луин е во голем пост, од 6 натпревари без погодок. И Доерти ја расипа својата статистика, па по рестартот нема креирано ниту една голема шанса за својот тим. Затоа пак Дињ, има 3 асистенции на последните 4 натпревари, и убаво е да се има на ФПЛ.

недела, 12 јули 2020, 15:15h

Астон Вила 1 1 Кристал Палас
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Заха
Најава

Астон Вила по сѐ изгледа ќе се врати во Чемпионшип. Тие во минатото коло изгледаа солидно во воведниот половина час против Манчестер Јунајтед, кога создадоа и добра шанса за гол, но откако беа начнати со, се чини непостоечки пенал, никогаш повеќе не се вратија во натпреварот. Примија уште два гола, а само пречката и Реина не дозволија овој и така висок пораз, да биде уште повисок. Палас пак загуби дома од Челзи, но го намачи фаворизираниот противник. Конечно по подолго време погодија Заха и Бентеке. Победата на оваа средба би била многу поважна за екипата од Бирмингем, но дали имаат сила за такво нешто? Се чини, тешко…

Додатни ФПЛ белешки

Грилиш делува уморно, од носење на грб на целата екипа во оваа сезона. Осум кола капитенот нема забележано гол или асистенција. Па, можеби ги игра и последните 4 натпревари во бордо-синиот дрес. Нешто слично и на спротивната страна, со Заха. Тој игра за да се продаде летово, во некој подобар клуб, па сега откако го скрши малерот наречен 16 кола без гол, можеби против порозната одбрана на Вила ќе врзе два или повеќе гола во серија.

недела, 12 јули 2020, 17:30h

Тотенхем 1 1 Арсенал
ФПЛ опции
Кејн
Сон
Орие
Лорис
ФПЛ опции
Обамејанг
Пепе
Сака
Мартинез
Најава

По одличното издание на рестартот на сезоната против Манчестер Јунајтед, кога можеби заслужија и победа, момците на Мурињо како да одат во една надолна линија кога е во прашање формата. Да, пред две кола некако го победија Евертон, но во минатото коло одиграа очајно на Виталити против Борнмут, кога сите очекуваа лесна победа. И не само тоа, Спарси не забелажаа шут во рамките на голот на Рамсдејл! А сега, ни помалку ни повеќе доаѓа едно од најголемите и најомразени лондонски дербија. Доаѓаат Топџиите, кои по трите победи, истата ја испуштија против Лестер, во натпревар со две сосема различни полувремиња.
Двете екипи се една до друга на табелата, ги дели само еден бод, но се чини дека шансата и за двете догодина да играат во ЛШ полека исчезнува. Место во ЛЕ, меѓусебен престиж и „владение“ во северен Лондон се влоговите на ова дерби.

Додатни ФПЛ белешки

Бидејќи очекуваме премногу тврд и неефикасен натпревар, можеби е најдобро да бирате од одбранбените понуди на двете екипи. Мартинез конечно прими гол по три врзани клиншита, додека пак Лорис има три клиншита на последните четири натпревари. Кејн не делува опасен во последно време, но секогаш е расположен на овие дербиња, а Обамејанг е втор стрелец во лигата. Но наш предлог е да се држите до Орие и Мартинез, и да се надевате на реми без голови.

недела, 12 јули 2020, 20:00h

Борнмут 0 2 Лестер
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Варди
Барнс
Сојунчу
Шмајхел
Најава

По петте порази во серија, и кога сите очекувавме уште еден сигурен од Тотенхем, Црешите одиграа добро, освојувајќи бод, а само ВАР ги спречи да ги освојат и сите три. И да споменеме уште еднаш, оваа одбрана на Хау ги спречи Кејн, Сон и компанија да имаат било каков шут во рамките на својот гол. Кој очекуваше такво нешто? Но, сега им следи нов тежок натпревар против Лисиците на Роџерс. Тие пак откако останаа со играч повеќе успеаа да извадат бод на Емирати, иако по прикажаното во првиот дел на таа средба, воопшто и не го заслужија. Сепак, подобрата игра во вториот дел против Арсенал, и важноста на трите бода од оваа средба, ни велат да очекуваме гостинска победа.

Додатни ФПЛ белешки

Варди љубоморно го држи првото место на листата на стрелци. Три гола на последните два натпревара, за вкупно 22 до овој момент. А сега, иако одбраната на Борнмут одолеа на Тотенхем, тешко би се случило тоа да го повторат и на оваа средба. На другата страна пак очекуваме клиншит од Лестер, па би ги предложиле Шмајхел и Сојунчу како најпогодни за вашите одбрани во ова коло.

понеделник, 13 јули 2020, 21:00h

Манчестер Јунајтед 2 1 Саутемптон
ФПЛ опции
Рашфорд
Марсијал
Бруно
Гринвуд
Ван-Бисака
ФПЛ опции
Ингс
Најава

Манчестер 10 натпревари не знае за пораз. Освен тоа, стана првата екипа која четири кола по ред победува со 3 или повеќе голови разлика. Од друга страна е една од најповластените екипи кај луѓето во црно, па така Црвените ѓаволи имаат добиено 13 од вкупно 79 пенали сезонава, што прави процент од 16,5%, и е најголем во историјата на Премиер лигата. Од другата страна Светците летаат на крилата на Ингс, кој им донесе голем бод и од Гудисон. Сепак за овој натпревар типот е единица, од едноставна причина што Јунатед гази, и брка ЛШ пласман.

Додатни ФПЛ белешки

Веруваме дека не треба посебна најава за триото Рашфорд-Марсијал-Бруно. Па ајде ќе спомнеме дека Гринвуд е само вториот тинејџер (18 години и 282 дена) кој постигнал гол на три последователни премиерлигашки натпревари, по Вејн Руни во 2005 година (19 години и 125 дена). Дани Ингс пак е на делба на третата позиција на листата на стрелците. Заедно со Салах имаат по 19 гола, и секако ќе настојува да остане во борбата по златната копачка сезонава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *