ФПЛ.мк најава за 30+ коло

Рестартирање на сезоната по неколкумесечен карантин и одма деликатес за ФПЛ менаџерите: двојно коло, речиси сигурно последното за годината. Но, ова е и уште попосебно, зашто доаѓа со премолчена вајлдкарта и можност за играње додатен џокер. Којзнае дали друг пат ќе имаме ваква можност: да изиграме BB или TC во истото кола кога и WC! Оние што ја имаат зачувана втората вајлдкарта се во уште попривилегирана позиција: можат да планираат на кратки стази и да го извлечат максимумот од својот тим за двојното 30+ коло!* Ние сме тука да им помогнеме и на едните и на другите: во продолжение нашата најава!

___________

* Претпоставуваме дека е од логистички причини, ама веројатно ФПЛ можеа да смислат и подобар начин да ги именуваат колава: како сега да го прочитаме 30+ во реченица?

 

среда, 17 јуни 2020, 19:00h

Астон Вила
1 1 Шефилд Јунајтед
ФПЛ опции
Грилиш
Ел-Гази
Таргет
ФПЛ опции
Болдок
Стивенс
Башам
Иган
Најава

Лани, на истиов натпревар во Чемпионшип, Шефилд водеше по хет-трикот на Били Шарп до 82-ра минута со 3:0, но на крајот мечот заврши 3:3. На Брамал Лејн, пак, во првиот дуел на овие екипи од оваа сезона, Сечилата победија со 2:0, а Вила немаше ни удар на голот (дури и пенал не помогна да се смени оваа статистика: го промаши Грилиш). Пред прекинот, Вила беше во ужасна серија (4 порази), а Шефилд во прекрасна (10 бода на 4 натпревари). Најпосле, тоа е одразено и во местата на табелата. Само што ако Вила изгуби сега, имајќи го предвид нивниот натамошен распоред, тоа ќе значи и збогум Премиер за дефинитивно. Шефилд, пак, се бори за Европа – дури и за ЛШ. Преголеми се влоговите за да има многу голови. Но и премногу се познаваат тимовите за да нема.

Додатни ФПЛ белешки

Да, Мекгин се врати, но нема никогаш играно со Грилиш во напад и има само 1 шут во последните 8 кола пред повреда. Може да се коцкате на Ландстрам – ама тешко дека ќе ги изигра двата натпревари. Хендерсон е добар за втор голман, ама подобро инвестирајте во одбраната на Шефилд. (Но, не во Џек О’Конел кој нема да стартува.)

среда, 17 јуни 2020, 21:15h

Манчестер Сити 2 1 Арсенал
ФПЛ опции
Де Брујне
Агуеро
Стерлинг
Махрез
ФПЛ опции
Обамејанг
Лено
Сака
Нкетија
Најава

Прво коло и веднаш неколкукратно дерби на Етихад: Сити против Арсенал, Обамејанг против Агуеро, Гвардиола против Артета. Да беше пред некое коло, ќе пишевме дека Арсенал нема што да бара. Ама некако Топџиите си ја стабилизираа одбраната, па можеби и ќе можат да издржат да не примат повеќе голови. Ама тешко да извлечат макар и бод.

Додатни ФПЛ белешки

Дури и со Пеп рулет, Ситиевците се неодоливи за ова двојно коло. После Арсенал ги чека Барнли, а не е дека не може да извлечат многу поени Де Брујне, Кун и Стерлинг и сега. Сите тројца ни се фаворити за капитен.

петок, 19 јуни 2020, 19:00h

Норич
1 0 Саутемптон
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
/
Најава

Норич конечно ја среди одбраната баш пред прекинот на сезоната: прими по еден гол и од Ливерпул и од Тотенхем и од Шефилд, а ги победи со 1:0 Лисиците на Роџерс. Обратна приказна во Саутемптон кој беше во слободен пад со четири порази на пет меча (ја победија само уште полошата Вила). Саутемптон има многу подобар скор во меѓусебните дуели, но некако ни се чини дека Норич не само што ќе мора – туку и ќе победи во петок.

Додатни ФПЛ белешки

Избегнувајте ги овие тимови. Може Кантвел да ви пополни место во средина, ама не е сега момент да се инвестира ниту во едните ниту во другите.

петок, 19 јуни 2020, 21:15h

Тотенхем
1 1 Манчестер Јунајтед
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
/
Најава

Второто дерби од трите за колово. И двата тима беа во проблеми со повреди пред прекинот, но Спарси беа во проблеми и со резултати. Веројатно тие излегуваат како посреќни од карантинов – им се вратија и Кејн и Сон и, макар што Али ќе паузира на овој натпревар, би требало да има во нив доволно полетност за да му ги заматат сметките на Солскјер. Пред паузата, ова беше сигурна, па и пресигурна двојка. Сега поверојатно изгледа реми. Ама тешко да згрешите со X2.

Додатни ФПЛ белешки

Двава тима се преполни со играчи што треба да ги ставите во тим одма после колово: Кејн, Сон, Рашфорд, Бруно Фернандеш… Ако немате зачувано WC, размислете некој од овие и за сега. После ќе биде тешко да ротирате за лесните кола.

сабота, 20 јуни 2020, 13:30h

Вотфорд
1 2 Лестер
ФПЛ опции
Сар
ФПЛ опции
Варди
Барнс
Медисон
Најава

За натпреварот пред паузата ова мирисаше на 1: Лестер ќе беше без половина прв тим. Сега е потешко да се предвиди: не само зашто се вратија Варди и Медисон (за Рикардо Переира сезоната заврши секако), туку и зашто којзнае колку на Вотфорд му одговараше паузава. Тие си останаа на истите повредени (вклучително и Делофеу), а сега е спласнат и занесот. Победа на Лестер – ама тешка.

Додатни ФПЛ белешки

Не мора да го вадите Варди: и ова и наредното коло може да направи нешто. Сар е одлична опција за наредните шест-седум: од него (а и нив) зависи дали Вотфорд ќе остане во лига.

сабота, 20 јуни 2020, 16:00h

Брајтон
0 2 Арсенал
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Обамејанг
Лено
Сака
Нкетија
Најава

Единствено нешто што не му е во прилог на Арсенал е што натпреваров доаѓа преблиску по дербито за Сити. Ама не може да зборуваме за умор после неколкумесечен одмор. Без или со него, Брајтон едноставно немаат потенцијал да се справат со тим како Арсенал. И иако контото на двете екипи сугерира реми – и тоа 1:1 – ние предност му даваме на Арсенал.

Додатни ФПЛ белешки

Лено и Обамејанг се обавезни за ова коло. Ама и трет Арсеналовец не е на одмет: по Брајтон следуваат Саутемптон и Норич. И да имате и да немате вајлдкарта – нив нема да треба да ги чепкате. Кој трет Арсеналовец – не не прашувајте. Сите освен двајцава се непредвидливи. Ама Сака и Нкетија се барем евтини.

сабота, 20 јуни 2020, 18:30h

Вест Хем
1 2 Вулвс
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Хименез
Жота
Доерти
Траоре
Саис
Најава

Вулверхемптон се бори за излез во Европа, а како играат ништо чудно да им побркуваат сметки и на фаворитите за Лига на шампиони. Вест Хем е еден од фаворитите за опстанок и ништо како да не го менува впечаток дека тимот нема никаква стабилност. Ако досегашните натпревари на Вулвс ни кажуваат нешто, тоа е дека ова е можен 1 во 2. Вест Хем и да води, Вулверхемптон сигурно ќе израмни. А веројатно и ќе дојде до победа.

Додатни ФПЛ белешки

Вулверхемптон имаат совршен распоред до крајот на годината. А ниеден напаѓач не е подобар од Хименез во 2020-та. Жота е повторно стариот Жота, а Траоре е откритието на сезоната. Не само за ова коло – планирајте ги нив и за другите. Внимание со Доерти: може да донесе многу поени, но сигурно ќе одмара повеќе од другиве. Раул се чини најимун на такво нешто.

сабота, 20 јуни 2020, 20:45h

Борнмут
1 1 Кристал Палас
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
/
Најава

Борнмут се бори за опстанок, а Кристал Палас за апсолутно ништо. Пред празни трибини – само првово е вистинска мотивација. Ама Борнмут има така порозна одбрана што тешко да не прими гол – макар и од вториот најслаб напад во лигата. А ќе треба да се помачи да им даде гол на Орлите, зашто тие благодарение на добрата одбрана се така високо на табелата. Многу непредвидлив натпревар кој ние го прогнозираме за реми – ама не би биле изненадени и со кој и да е друг исход.

Додатни ФПЛ белешки

Борнмут имаат релативно добар распоред, ама немаат играч на кој може да се ослони ФПЛ менаџер. Палас го немаат ни едното ни другото. Избегнувајте.

недела, 21 јуни 2020, 15:00h

Њукасл
0 1 Шефилд Јунајтед
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
Болдок
Стивенс
Башам
Иган
Најава

Вториот натпревар на Сечилата ветува уште посигурен клиншит: Њукасл го има најлошиот напад во лигата, а Шефилд втората најдобра одбрана. Тимот на Крис Вајлдер не престана да восхитува со тоа колку стабилно успеваше да извлекува минимални победи против 80% од лигата и минимални порази против останатите 20%. Нема што многу да ротира тимот од Брамал Лејн, па и нема многу ризик дека ќе почне да игра различно Шефилд. Двојка со малку голови.

Додатни ФПЛ белешки

Удвојте ја Шефилдовата одбрана за двојново коло. Ако сте храбри – и утројте ја. Најпосле, ја утројуваа по некои (дискретно ги поздравуваме) онаа на Брајтон за ланското двојно коло. Ова е далеку побезбедна и исто толку евтина можност да се соберат многу поени. (Уште едно потсетување: избегнувајте го Џек О’Конел кој веројатно нема да стартува.)

недела, 21 јуни 2020, 17:15h

Астон Вила
1 3 Челзи
ФПЛ опции
Грилиш
Ел-Гази
Таргет
ФПЛ опции
Абрахам
Вилијан
Маунт
Алонсо
Најава

И Челзи може да бидат среќни со паузава: им се враќаат Теми Абрахам и Кристијан Пулишиќ. За Астон Вила веќе зборувавме: ако не победат со Шефилд, тогаш Челзи ќе го пречекаат без многу надежи. Сините на Лампард се борат за Лига на шампиони и се напаѓачки толку потентни што Астон Вила може да доживее и дебакл на овој натпревар. Ама Грилиш секако ќе даде гол – макар и за утеха.

Додатни ФПЛ белешки

Иако Челзи нема двојно коло, овој натпревар може да го сметате за два: Абрахам се враќа – и тоа на гости против Астон Вила. Совршена комбинација. Тешко е да се предивиди и кој ќе игра во средината – а камоли кој ќе донесе поени – ама Теми тешко дека ќе го поштеди тимот што практично го донесе во Премиер лига.

недела, 21 јуни 2020, 20:00h

Евертон
0 1 Ливерпул
ФПЛ опции
/
ФПЛ опции
ТАА
Робертсон
Салах
Мане
Фирмино
Најава

Третото и последно дерби на колото е ливерпулското. Макар што не знаеме веќе колку има смисла и да се нарекува дерби: цела деценија (да, добро прочитавте) Евертон нема победа против Ливерпул во кое и да е натпреварување. Последната им е на 17.10.2010. Згора на сето тоа, нема ни многу ремија во овој период: макар и тешко, Ливерпул е тој што победува. Во случај на проблеми на Сити со Арсенал, Ливерпул ќе може и да осигура титула на теренот на својот лут ривал. Нема нешто послатко од тоа. Под Анчелоти, Евертон (а особено Ричарлисон и ДКЛ) се многу подобрени, ама што би барале против веројатно најдобриот тим во светот во овој момент?

Додатни ФПЛ белешки

Ливерпул веројатно ќе победи, но нема да биде ова лесен натпревар. Оттука, не знаеме колку има смисла да се вложува во нивните скапи опции (што сите ги знаат). Ама, па, ако немате вајлдкарта, смеете ли да ризикувате? Наредно коло играат со Палас – веројатно за титула. На Енфилд.

понеделник, 22 јуни 2020, 21:00h

Манчестер Сити
3 0 Барнли
ФПЛ опции
Де Брујне
Агуеро
Стерлинг
Махрез
ФПЛ опции
/
Најава

Колото го затвора Сити со натпревар во кој Барнли може само да се потруди да избегне дебакл. Сè друго би било изненадување. Макар и Пеп излегол со комбиниран состав. Последните пет натпревари на Етихад на овие два тима имаат завршено со вкупен скор од 15:2 за Сити. Барнли играа одлично пред паузата и им ги замрсија сметките на три Топ 6 екипи (Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем), ама Сити не е тим со лоши денови или дефанзивни експерименти.

Додатни ФПЛ белешки

Плашете се: на овој натпревар може да ротира Пеп и да почне и со Жезус и со Сане и со Фоден во стартна постава. Само КДБ ни изгледа како двоен стартер во моментов. Ама него секако го имате.