ФПЛ.мк лига, состојба по шеснаесетто коло
Велат формата е менлива, ама класата – вечна. Па, не нè чуди што сè повеќе во Топ 10 од нашата ФПЛ.мк лига почнуваме да гледаме имиња на кои се навикнавме ланската сезона. Фактот што дури 7 играчи од Топ 50 ја изиграле вајлдкартата минатово, шеснаесетто коло, покажува дека ФПЛ се игра на долг рок. Како и на трка од 400 метри, ќе знаеме на што сме кога ќе излеземе на ширинката. Вака од ракав, имаме уште седум-осум кола до неа.
И покрај навистина ужасно и несреќно коло, Александар Димовски ќе ја заврши 2020-та на врвот од нашата лига. Александар имал паметен трансфер – Паскал Страук место Неко Вилијамс – ама немал ич среќа. Не само што не му играле шест тешкаши (Кејн, Сон, Даер, КДБ, Дијас, ДКЛ), туку и двајца од нив (Кејн и Сон) му биле капитен и заменик-капитен. Оттука, останал без двојни бодови колови. Со 31 бод – или шест помалку од просекот – Александар паднал прилично во повеќето лиги, но сè уште е во Топ 10 во Македонија (10-ти) и меѓу најдобрите 8.000 менаџери во светот (7.828-ми).
Нема промени ниту на втората позиција каде останува Дарко Попоски. Благодарение на добриот тим и малку среќа (не му играле само тројца играчи: Сон, КДБ и ДКЛ), Дарко собрал 50 поени колово, па ја намалил разликата од Александар на само 17. Најголем дел од тие поени му доаѓаат од одбраната (Мекарти, Ејлинг и КВП), ама има и понекој поен од Бруно и Бамфорд, единствениот негов играч што е во тимот на колово. Дарко е 27-ми во Македонија и на работ од Топ 20.000 ирачи во светот.
На само четири поени зад него имаме стар познаник: Крсте Танчевски. Крсте немал среќа со трансферот – го ставил Сон место Рашфорд – ама затоа имал добар тим да ги покрие изгубените седум поени. На одбраната не може а да не му се завидува: Мекарти, ТАА, Робертсон и Далас. Останатите поени се од редовно осомничените: Бруно, Бамфорд и (ама само зашто бил капитен) Салах. Сè на сè, одлични 62 поени за Крсте и пробив во Топ 30.000 играчи во светот. Едновремено, сега е и 37-ми во Македонија.
Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).
# | Тим и менаџер | ПР | СР | ПК | ВП | ПМ | К | ЗК | Џ | ПК | ТК | ТП |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Александар Димовски | 0 | 7832 | 31 | 1033 | 0 | Кејн | Сон | 0 | 1 | 6 | |
2 | Дарко Попоски | 0 | 20806 | 50 | 1016 | 17 | Салах | КДБ | 0 | 0 | 0 | |
3 | Крсте Танчевски | +5 | 26504 | 62 | 1012 | 21 | Салах | Бруно | 0 | 1 | -7 | |
4 | Стојче Гочев | +2 | 38662 | 52 | 1004 | 29 | Салах | Кејн | WC | 9 | 0 | 0 |
5 | Виктор Џамто | -2 | 47489 | 37 | 1000 | 33 | Кејн | Салах | 3 | 2 (-4) | -2 | |
6 | Александар Ристовски | +1 | 49291 | 49 | 999 | 34 | Кејн | Сон | WC | 3 | 0 | 0 |
7 | Јовче Мирчески | -2 | 55885 | 43 | 996 | 37 | Салах | Бамфорд | 0 | 2 | 11 | |
8 | Бојан Бузлиев | -4 | 58472 | 35 | 995 | 38 | Салах | Сон | 0 | 1 | 0 | |
9 | Никола Антоноски | +6 | 61224 | 62 | 994 | 39 | Бруно | Салах | 0 | 1 | -2 | |
10 | Александар Настовски | +2 | 64051 | 50 | 993 | 40 | Салах | Бруно | 3 | 0 | 0 |