ФПЛ.мк лига, состојба по четврто коло

Лудо коло – луди поместувања на табелата во нашата ФПЛ.мк лига. Да го резервираме воведот за најневеројатното: Кире Теов – капа долу, Кире – колово собра 113 поени и напредуваше 118 места во нашата лига, од 125-то на 7-мо! Само 2.500 луѓе во светот имаат подобар скор од Кире колово – и тоа покрај фактот што Кире го извадил Бруно за Стерлинг, го избрал погрешниот голман (Пикфорд пред Мекарти) и делумно згрешил со капитенот (Стерлинг). Ама не е лошо ни вака.

Не е лошо ни за Виктор Џамто кој и натаму не го дава врвот. Колово Виктор изиграл вајлдкарта и, сепак, не згрешил. Ги погодил Вилсон и капитенот Салах, а и тројката од Вулвси (Патрисио, Саис, Нето). Со 77 бода колово, напредувал Виктор и во Македонија (13-то место), а и во светски рамки (6.475-то)

На второ место е Бојан Борисовски – и тоа по скок од 17 места. Бојан изгубил 10 бода после двојниот трансфер (Стерлинг и Мане место Салах и Обамејанг), но и без тоа собрал 88 поени. Како и не би: во тимот ги има Кејн, Вилсон, Жоржињо, Антонио – па дури и Ориол Ромеу!

Трет на табелата е уште еден новодојденец: Слободан Петков. И Слободан, како и Виктор, изиграл вајлдкарта – со слични резултати и сличен темплејт. Со тоа што Слободан се одлучил и за Хамес во својот тим – потег што веднаш му вратил 18 бода и место во Топ 100 во Македонија.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).