ФПЛ.мк лига, состојба по триесет и прво коло

Очекувано, имаме три активирани вајлдкарти колово во Топ 10 на  нашата ФПЛ.мк лига. А имаме и нешто поинтересно – една супер-минивајлдкарта: 5 трансфери и -16 за ланскиот шампион Даниел Стојановски! Велат дека среќата ги следи храбрите па таков бил и овој случај: Даниел бил и храбар, а имал и среќа. Ги извадил Бејл, Дињ, Дијас, Гундоган и ДКЛ, а ги ставил ТАА, Жота, Салах, Велтман и Ихеначо. Извадените 5 заедно му изиграа 100 минути и му собраа 7 поени; ставените 5 заедно му собраа 39 – и тоа без да сметаме дека за капитен избрал еден од нив: Салах! Со други зборови, дури и на -16, од петте трансфери (без капитенството), Даниел заработил 18 поени! Нето-пресметката вели малку помалку (15) зашто Велтман му останал со клиншит на клупа. Но, не веруваме дека Даниел е преразорачан поради тоа, зашто – и тоа без некое претерување – благодарение на храброста и среќата, буквално си ја спасил сезоната. Нема ни да пресметуваме колку ќе биле поените да останел на старата постава. Ајде да речеме вака: ќе беа многу, многу помалку од нервозите и разочарувањата.

Има простор и за едните и за другите кај нашиот лидер, Дарко Попоски. Прво, зашто на клупа му останал Џонстон со 15 поени! (А веруваме дека се израдувал кога доби Саутемптон пенал во 93-та.) А второ, зашто делумно згрешил и со трансферот: го ставил Стерлинг место Гундоган и веднаш му ја дал капитенската лента на Англичанецот за да заработи цел 1 поен! Но, тешко е да се обвини Дарко за таков потег: на цело полувреме 11 на 10 против статистички една од најпропустливите одбрана во лигата, Сити одвај и да направи шанса, па на крај и некако заслужено изгуби. И тука почнува среќниот дел од приказната за Дарко. Некаде малку пред 20h вчера, Дарко сигурно бил преразочаран: не само што во тој момент Џонстон го фати пеналот и го однесе бонусот на ВБА-Саутемптон, туку зашто речиси било сигурно дека ќе останел и без 17-те поени од Далас. Но, петнаесетина минути подоцна, мора барем малку да го израдувала веста дека Анчелоти одлучил да го поштеди ДКЛ, зашто Далас му бил прва замена на клупа на Дарко. Шок до шок. Првиот негативен, вториот позитивен. Комбинирано, Дарко го оставиле со 51 поен колово и неколку ситни црвени стрелки. Сè уште е Топ 10 во Македонија и Топ 6.000 во светот.

11 поени зад Дарко е Александар Димовски кој од автоматските замени (Мартинез, Соучек и Воткинс) заработил 16 поени. Од остатокот на тимот – Холдинг, Коуди, Сон, капитен Салах – уште 42. Севкупно зборуваме за 58 поени, одлични 17 над светскиот просек. Последователно, зборуваме и за многу зелени стрелки кои го донеле Александар до 16-тото место во Македонија и 8.880-тото во светот.

Филип Митрески е еден од тројцата во Топ 10 што изиграл вајлдкарта. И составил сосема добар тим, но ја немал среќата на Дарко и Александар да добие некој поен од автоматските измени. За жал, Ихеначо со 13 поени му останал на Филип на клупа, а без нив, капитенот Салах, Сон, Вуд, Коуди и Лено не можеле да донесат повеќе од 49 поени. Задоволително на хартија – зашто се 8 над просекот – но разочарувачки во пракса –зашто Филип е превисоко за да му донесе таков просек зелени стрелки. За среќа, црвените не се големи. Филип е сега 22-ри во Македонија и 12.175-ти во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *