ФПЛ.мк лига, состојба по триесет и второ коло

Значајни поместувања во Топ 3 во  нашата ФПЛ.мк лига. Како и не би биле на дури 6 искористени џокери: 5 тројни капитени (Кејн, секако) и една вајлдкарта, која ни носи во Топ 10 уште еден гостин на таа листа од лани: Дарко Тарандек. Значи, во моментов имаме дури четворица! На толку нови учесници во нашата лига – навистина интересно!

Интересно е и што на врвот врвот се враќа Александар Димовски кој беше лидер безмлку цела втора полусезона и кој бездруго и ќе останеше таму доколку не го прескокнеше рокот за 29-тото коло и го одиграше својот Free Hit. Сега одиграл друг џокер: TC на Кејн. Благодарение на овој потег и на двата одлични трансфери (Ихеначо и Лингард место ДКЛ и Гундоган), Александар собрал цели 83 поени кои би биле и малку повеќе со подобар распоред, зашто Воткинс му останал на клупа. Но, и без тие 3 поени, Александар е одново на работ на Топ 10 во Македонија (сега е единаесетти) и сосема блиску до Топ 5.000 во светот (сега е 5.473-ти).

На втората позиција сега е Филип Митревски кој исто како и Александар го ставил Лингард наместо Гундоган, но за разлика од него немал TC џокер за да добие уште 12 поени од Кејн (токму на Кејн и го има искористено Филип, но во 26-тото коло). Без нив, Филип има 72 колово, благодарение на веќе наведените Лингард и Кејн, но и на Сон, Ихеначо и одличната одбранбена тројка: Коуди, Фофана и Цуфал. Како и многу други, Филип колово останал без голман: ниту Лено ниту Форстер не бранеа за Арсенал или Саутемптон. За разлика од Александар кој сè уште има FH, Филип нема веќе џокери до крај, но има сосема солиден тим да оди и повисоко од 20-тото место во Македонија (каде моментно е), а и да се пробие во Топ 10.000 во светот: моментно е помалку од 1.200 места подолу од таа магична бројка.

Ни два добри трансфери за -4 (Воткинс и Ихеначо наместо Бамфорд и ДКЛ) не му помогнаа колово на Дарко Попоски да ја задржи првата позиција. Разочарувачки 52 поени за него и огромен дел од нив од двата новодојденци, капитенот Кејн и препородениот Лингард. Одбраната – хаос: од петтемина (Мартинез, Ми, Таргет, Далас, Вокер-Питерс) исто толку поени. Не помогнал ни фактот што Стерлинг и Кансело не играа ни минутка за Сити, а и што Бруно е во најлоша форма откако е дојден во Манчестер. Дарко е сега 22-ри во Македонија и 12.753-ти во светот. И сè уште е на само 24 поени од титулата во ФПЛ.мк лигата.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *