ФПЛ.мк лига, состојба по триесетто коло

Горе-долу слични (околу 60-ка) скорови во Топ 10 од нашата ФПЛ.мк лига, со два битни исклучоци: Дане Србакоски, кој ризикувал со Бамфорд за капитен и собрал само 46 поени,  и Никола Антоноски, кој го ставил Лингард наместо Ел-Гази, собрал 77 поени и напредувал цели 6 места до шестото на табелата.

На врвот си останува Дарко Попоски кој го ставил Бруно место Бејл за некоја мала заработка од 4 поени. Но, главнината дошла од капитенот Кејн, Рафиња и веќе сериозно незапирливиот Лингард. Бидејќи тројцата ги поседуваат повеќето високопласирани играчи, Дарко не напредувал многу ниту во светски рамки, ниту меѓу македонските ФПЛ менаџери. Но, онаму каде што е секој сериозен напредок би бил веројатно забележан и од ФПЛ страници со милионски публики, зашто Дарко е моментно осми во Македонија и меѓу Топ 5.000 менаџери во светот.

После минатото кошмарно коло, убаво е да се види дека Александар Димовски се враќа на старите патеки. Очекувајќи пауза за Стоунс, Александар направил трансфер за наредните кола и си го ставил Коуди. Остатокот од тимот му бил сосема добар за да не се секира премногу: Салах, Воткинс, Бруно, Дијас, капитенот Кејн, Мартинез – сите  му донеле поени. Севкупно 62 за Александар и неколку зелени стрелки, вклучително и во светската лига каде сега е 9.736-ти. Во Македонија, стрелката е црвена – ама сосема малку – па сега Александар е 18-ти.

19-ти, пак, е Филип Митрески – кој има исто онолку поени колку и Александар но и некој трансфер повеќе. Филип изиграл еден навидум многу паметен трансфер (Алонсо место Велтман), но истиот – по изненадувачките Челзи-ВБА 2:5 – му донел само 2 поени. За среќа, надоместил остатокот од тимот: одличната средина (Салах, Бруно, Рафиња) и уште подобриот напад (капитенот Кејн и Воткинс). 69 поени за Филип колово и мноштво ситни зелени стрелки кои го внеле во Топ 10.000 во светот!

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).