ФПЛ.мк лига, состојба по трето коло

Третото коло донесе доста поместувања меѓу првите 10 во нашата ФПЛ.мк лига – па и двајца новајлии во Топ 3.

Минатонеделниот лидер, Иво Најдески, немаше баш најдобро коло (само 29 поени), па тоа му овозможи на Виктор Џамто да го прерипне на врвот на табелата. Како и не би? Со Варди и Махрез во тим – браво! – па уште и со Салах капитен (само асистенција, но пак подобро од повеќето капитени колово) – Виктор собрал 57 бода од второто коло или цели 14 над просекот! Сега е и 18-ти во Македонија, а само 2.000 места го делат од Топ 10.000 во светот.

Па, сепак, Виктор му бега само 4 поени на второпласираниот Александар Бачески. Ако Виктор имал добро коло, Александар имал одлично: неговиот тим, Победа ФК (нешто ни вели дека се работи за Прилепчанец) собрал дури 69 поени во коло со просек од 43! И на Александар капитен му бил Салах и тој го имал Варди; но го имал и Мопе и Рашфорд и Переира, а и одлична одбранбена тројка: Вокер-Питерс, ТАА и Кастањ. Сè на сè, Александар скокнал 18 места во нашата лига и сега е во Топ 20.000 во светот.

На третото место во ФПЛ.мк лигата се наоѓа Вилијам Митев кој напредуваше за една позиција во однос на минатата недела и покрај лошата трансфер-стратегија што го чинела цели 12 бода колово (за -4 ги извадил Салах, Соучек и Ландстрам – вкупно 13 бода – за Коста, КДБ и Поденс – вкупно 5 бода). И беа тоа, Вилијам има 51 бод (55-4), благодарение на ТАА, Бруно, Бамфорд, Ингс и Лаказет. Уште еден показател дека не ви треба темплејт-тим за да се борите за врвот. Како што тргнала сезонава, можеби дури и напротив.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *