ФПЛ.мк лига, состојба по седумнаесетто коло
Само една мини-размена меѓу третото и четврто место по седумнаесеттото коло во нашата ФПЛ.мк лига – ама и неколку интересни вести и скорови. На пример, 80% од Топ 10 имале капитен од Тотенхем (Кејн или Сон), а 90% за заменик-капитен го поставиле Бруно; најинтересно, дури 30% оставиле Вест Хемовец (Кресвел или Соучек) со 11 бода, на клупа. И пак оставариле напредок. Но, одиме со ред.
На врвот останува и натаму Александар Димовски кој имал и повеќе од фантастично коло. 92 бода – и покрај тоа што Соучек со 11 му останал на клупа! Средината и без него му е фантастична: Сон (13), КДБ (13), Бруно (10) и Грилиш (7). Додадете ги тука капитенот Кејн (2*12), Холдинг (трансфериран место Луис за 10 поени) и Даер (6) и сфаќате зошто Александар ја зголеми разликата на врвот на 39 поени и се проби на второто место во Македонија и 1.519-тото во свет. Само напред, Александар, кон сите врвови.
Зад него и натаму е Дарко Попоски кој се одлучил инстантно да ја активира втората полусезонска вајлдкарта. Може да биде разочаран, зашто двајца од неговите тешкаши (Салах и Рашфорд) потфрлија во коло со високи просеци. Не дека е нешто прелошо за Дарко: има собрано 70 поени (благодарение на капитенот Сон, заменик-капитенот Бруно, Соучек, Марсијал и Цуфал) и доста зелени стрелки, вклучително и во македонската лига (26-ти) и светската (17.161-то место).
На третото место – со исто поени како Дарко (1086), но со некој трансфер повеќе – по седумнаесеттото коло се проби Стојче Гочев. И за него (како и за Александар) и повеќе од фантастични 82 поени колово, и покрај тоа што Соучек му останал на клупа. Но, за среќа, ги имал Тотенхемовците, Бруно, Цуфал и играчот на колото: Киран Тирни. Стојче е веднаш зад Дарко и во нашата и во македонската лига, но околу 400 места ги делат во светската. Само заради бројот на трансфери. Премногу луѓе ја играат играва…
Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).
# | Тим и менаџер | ПР | СР | ПК | ВП | ПМ | К | ЗК | Џ | ПК | ТК | ТП |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Александар Димовски | 0 | 1519 | 92 | 1125 | 0 | Кејн | Бруно | 13 | 1 | 10 | |
2 | Дарко Попоски | 0 | 17175 | 70 | 1086 | 39 | Сон | Бруно | WC | 9 | 0 | 0 |
3 | Стојче Гочев | +1 | 17542 | 82 | 1086 | 39 | Кејн | Бруно | 12 | 1 | 1 | |
4 | Крсте Танчевски | -1 | 22051 | 70 | 1082 | 43 | Сон | Бруно | 1 | 1 | 1 | |
5 | Александар Ристовски | +1 | 39365 | 71 | 1070 | 55 | Сон | Бруно | 0 | 1 | 0 | |
6 | Горан Јанев | +7 | 51730 | 75 | 1064 | 61 | Сон | Бруно | 7 | 1 | 3 | |
7 | Виктор Џамто | -2 | 76604 | 55 | 1055 | 70 | Кејн | Бруно | 13 | 2 (-4) | -5 | |
8 | Ервин Папранику | +8 | 78549 | 77 | 1054 | 71 | Сон | Бруно | 7 | 1 | 1 | |
9 | Александар Настовски | +1 | 81415 | 60 | 1053 | 72 | Салах | Бруно | 9 | 1 | 1 | |
10 | Бојан Бузлиев | -2 | 84708 | 57 | 1052 | 73 | Салах | Сон | 1 | 1 | 0 |