ФПЛ.мк лига, состојба по петнаесетто коло

Немаме премногу време да чекаме ФПЛ да ја апдејтува табелата од нашата ФПЛ.мк лига – додека тие го направат тоа ќе почне веќе шеснаесеттото коло – па ќе се послужиме со неколку табели во живо и една-две споредби за да ја апдејтуваме ние. Не гарантираме за точноста на сите податоци – ама, ако ги има, претпоставуваме дека грешките се минимални.

На врвот и натаму е Александар Димовски, единствениот играч во Топ 10 без Салах и единствениот чиј капитен бил различен играч (КДБ). На крајот тоа не направило многу разлика. Не направил многу разлика ни трансферот на Александар (Даер место Зума), но затоа направиле Мартинез, Диас, Бруно и Бамфорд. Ќе било и многу подобро за него ако го ставел Соучек наместо некој од ударната осумка. Ама таков потег има смисла само сега, по колово. Со (веројатно) 1002 бода, Александар треба да е многу близу до Топ 2.000 играчи во светот и уште поблизу до Топ 3 во Македонија.

Зад Александар, на второто место во нашата лига треба да е пробиен Дарко Попоски. И покрај неговиот погрешен двоен трансфер (Брустер и КДБ место Варди и Бисума) – кој му изгубил два поени – Дарко има собрано 59 во 15-тото коло, благодарение на фантастичната одбрана (Мекарти, КВП, Ејлинг и Таргет – сите со клиншит), Бруно и Бамфорд. Со 966 бода, Дарко треба да е на работ од Топ 20.000 и веројатно во Топ 30 во Македонија (27-ми).

Со исто бодови колку и Дарко, на третото место во моментов се наоѓа Виктор Џамто, кој колово изиграл Free Hit. Можеби малку изненадувачки потег (имајќи предвид дека нè чека празно коло набрзо), но – ретроспективно – до некаде и оправдан: да останел на стариот тим, Виктор би собрал 14 поени помалку. Ама мора да е разочаран со 50-те поени собрани со FH – само Стерлинг, Рашфорд, Ел Гази, Холгејт и Алиоски ја оправдале неговата доверба. Додуша, и тоа како ја оправдал Меслие, ама на Виктор му останал младиот француски голман на клупа. Со тоа таму останале и фантастичните 11 поени.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски 0 2152 53 1002 0 КДБ Бамфорд 1 1 1
2 Дарко Попоски +2 21696 59 966 36 Салах КДБ 3 2 -2
3 Виктор Џамто -1 21696 50 966 37 Салах Стерлинг FH 2 0 14
4 Бојан Бузлиев +3 35321 53 955 45 Салах КДБ 3 1 6
5 Јовче Мирчески -2 50075 40 948 52 Салах КДБ 2 1 6
6 Александар Ристовски +4 51348 50 948 52 Салах Грилиш 6 1 6
7 Крсте Танчевски +1 51594 46 948 52 Салах Бруно 0 3 (-4) -10
8 Стојче Гочев +4 53508 52 947 53 Салах КДБ 1 1 4
9 Горан Јанев -3 56080 43 946 54 Салах Бруно 8 1 0
10 Александар Петров -5 62395 40 944 56 Салах КДБ 2 1 6