ФПЛ.мк лига, состојба по осумнаесетто коло

Шест фри хита, две вајлдкарти, четири Александровци и речиси никакви придвижувања во Топ 10 од нашата ФПЛ.мк лига низ скратеното осумнаесетто коло.

Лидерот, Александар Димовски, изиграл храбро, а ретроспективно, и многу мудро: наместо да си го троши својот FH џокер, ги ставил (со -4) Лаказет, Гундоган и Вилсон наместо ДКЛ, Грилиш и Бамфорд. Иако секој од трите трансфери можел да биде многу подобар, на Грилиш и Бамфорд им откажаа натпревари наредно коло, а ДКЛ ем има празно, ем е повреден и ќе отсуствува. Така што, нема што многу да се кае Александар. Во коло во кое го зачувал својот FH, одвај и да се поместил на табелите во многуте лиги во кои учествува. Кај нас си е прв, во Македонија, четврти, а 2.353-ти во светот. Плус, има FH во џеб.

Доближан на 26 поени, зад него е Дарко Попоски, кој колово одиграл сосема солиден FH. Клиншитови од Стоунс, Кансело и (зашто не играше Тирни) Мичел, асистенција од капитенот КДБ и гол од Кејн. Сè на сè, одлични 57 поени (27 над просекот) за вкупно 1143 од почетокот на сезоната. Тие, пак, се и повеќе од доволни за Топ 20 во Македонија. Дарко веќе е многу блиско и до Топ 10.000 во светот: го делат само 930 места.

Минатото коло ги двоеја само бројот на трансфери, а ова и три поени – точно толку помалку освоил колово третопласираниот во нашата лига, Стојче Гочев. Тој го немал Мичел да надомести за Тирни, а двата поени од Фабио Силва не биле доволни за повеќе од 54 колово, најголем дел од кои се благодарение на Де Хеа, дефанзивната двојка од Сити (Кансело и Дијас), асистенцијата на КДБ и голот на капитенот Кејн. Со 1140 поени од почетокот на сезоната, Стојче е 22-ри во Македонија и 13.069-ти во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски 0 2353 44 1169 0 Кејн КДБ 0 3 (-4) 3
2 Дарко Попоски 0 10930 57 1143 26 КДБ Бруно FH 0 0 39
3 Стојче Гочев 0 13069 54 1140 29 Кејн КДБ FH 1 0 27
4 Крсте Танчевски 0 22198 48 1130 39 Кејн КДБ FH 7 0 43
5 Горан Јанев +1 49476 48 1112 57 КДБ Кејн FH 3 0 34
6 Виктор Џамто +1 51996 56 1111 58 КДБ Бруно WC 0 0 0
7 Влахо Костов +6 51996 61 1111 58 КДБ Кејн WC 2 0 0
8 Александар Ристовски -3 63337 36 1106 63 Сон Бруно 0 1 6
9 Александар Бачески +6 67348 57 1104 65 Кејн Сон FH 15 0 34
10 Александар Настовски -1 67584 51 1104 65 Кејн КДБ FH 8 0 35