ФПЛ.мк лига, состојба по деветто коло
Да парафразираме наслов на една популарна YA книга, мноштво Александровци на врвот на нашата ФПЛ.мк лига по деветтото коло: дури четворица во Топ 10. Како и минатото коло, само еден од нив е во Топ 3 – овој пат рангиран и едно место погоре.
На чело се навикнавме да го гледаме Виктор Џамто кој колово, до некаде и очекувано, направил два трансфери (Жезус и Бруно место отсутните Салах и К. Вилсон) и, сосема неочекувано, изиграл и Bench Boost. Не му се исплател одиграниот џокер, зашто од клупа собрал само 8 поени – од Патрисио и Нето – но, 0 заедно од Џастин, Мичел и Саис. За среќа, го погодил капитенот (на речиси сите во Топ 10 им бил Бруно) па собрал 70 поени (74-4) и сè уште котира многу високо во светски рамки: 579-ти е. Едновремено, трет е и во Македонија – со само 4 бода зад лидерот.
Највисокопласираниот Александар од четворицата во Топ 10 е Александар Димовски. И тој направил два трансфери (Манчестеровците Линделоф и Бруно место ТАА и Жоржињо) и, и тој ја доделил капитенската трака на Фернандеш. Благодарение на головите на Сон и Калверт-Луин – а и на добрата дефанзива на Мекарти, Зума и Вернер – Александар собрал 73 поени и сега е 29-ти во Македонија и меѓу Топ 17.000 играчи во светот. Но е далеку од Виктор – кој му бега цели 43 поени.
На само 6 поени зад Александар е Ервин Папранику кому трансферот не му направил многу разлика (Поденс место Дијангана). Не му направил многу разлика ниту фактот што собрал 6 бода над просекот (61) зашто онаму каде што е (во Топ 25.000 менаџери на светот) се очекува многу повеќе. Оттука и падот на Ервин – и во нашата лига и во светската, а и во Макеоднија, каде сега е 35-ти.
Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).
# | Тим и менаџер | ПР | СР | ПК | ВП | ПМ | К | ЗК | Џ | ПК | ТК | ТП |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Виктор Џамто | 0 | 579 | 70 | 652 | 0 | Фернандеш | Калверт-Луин | BB | 0 | 2 (-4) | 9 |
2 | Александар Димовски | +1 | 16539 | 69 | 609 | 43 | Фернандеш | Заха | 0 | 2 (-4) | 14 | |
3 | Ервин Папранику | -1 | 24236 | 61 | 603 | 49 | Фернандеш | Вернер | 0 | 1 | 0 | |
4 | Александар Тасевски | +1 | 36399 | 67 | 597 | 55 | Фернандеш | Вернер | WC | 6 | 0 | 0 |
5 | Александар Петров | +4 | 43876 | 76 | 594 | 58 | Фернандеш | Кејн | 10 | 2 (-4) | 9 | |
6 | Ѓорѓи Митревски | +2 | 58003 | 70 | 589 | 63 | Фернандеш | Сон | WC | 12 | 0 | 0 |
7 | Крсте Танчевски | +3 | 70332 | 71 | 586 | 66 | Фернандеш | Де Брујне | 6 | 3 (-4) | 18 | |
8 | Слободан Петков | -4 | 76298 | 52 | 584 | 68 | Кејн | Сон | 0 | 3 (-4) | 5 | |
9 | Јовче Мирчески | +4 | 91432 | 71 | 581 | 71 | Калверт-Луин | Заха | 0 | 1 | 2 | |
10 | Александар Ристовски | -4 | 115532 | 54 | 577 | 75 | Фернандеш | Варди | 7 | 2 (-4) | 20 |