ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и шесто коло

Дваесет и шестото премиерлигашко коло беше најголемото двојно коло во историјата на ФПЛ. Па, сепак, судејќи по освоените поени на водечките 10 во нашата ФПЛ.мк лига, беше и доволно изненадувачко за да не ја оправда употребата на вајлдкартите, поените од клупа и тројните капитени. А само еден од првата десетка – Александар Бачески – не изиграл никаков џокер. Па, сепак собрал повеќе поени од четворица од Топ 10. Иако имал 78 – само 3 над просекот!

Александар Димовски не е од оние што ќе зажалат за изиграниот џокер: благодарение на паметната вајлдкарта, собрал само 1 поен помалку од најмалиот трицифрен скор. Ќе било и многу повеќе од тоа да го погодел дефанзивецот на Тотенхем: на два клиншита на тимот на Мурињо, Александар добил точно 0 поени од Даер. Ама и вака не е лошо: во едно коло, Александар надоместил дваесетина поени заостаок зад Дарко, па сега е прв во нашата лига, седми во Македонија и 6.633-ти во светот.

Дарко Попоски е многу близу зад него: само 5 поени од врвот на нашата табела,  но дури 70 од врвот на македонската лига, во која барем сè уште е во Топ 10. Не можело да биде многу полошо: Дарко направил -4 за да ги стави, Кејн, ДКЛ и Барнс место Стерлинг, Адамс и Антонио. Не го израдувал ниту еден од новодојдената тројка – најмалку Тотенхемовецот кому Дарко му ја доделил и тројната капитенската трака. Да играл BB би било малку подобро, зашто имал два супер голмани: и Џонстон и Мартинез собраа 12 поени колово.

На третата позиција во ФПЛ.мк лигата – на само 2 поени од Дарко и 7 од Александар – се враќа Стојче Гочев. И тој, како и Александар изиграл вајлдкарта и собрал малку помалку од 100 поени: 94 во неговиот случај. Исто како и Александар, и Стојче може да жали за изборот на дефанзивецот од Тотенхем: и тој го преферирал Даер пред Санчез, Тоби и бековите. Ама, кој не би: до пред колово, Даер изгледаше како најсигурен стартер. Сега изгледа како најсигурна резерва. Малку треба во Премиер да се сменат нештата. Уште помалку да се сменат на Фантази. Кога водечката тројка ни е спакувана во само 7 поени – ние ќе очекуваме многу промени до крајот. И ќе ги следиме.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски +2 6634 99 1773 0 Кејн Бруно wildcard 3 0 0
2 Дарко Попоски -1 8107 67 1768 5 Кејн Бруно 3xc 16 3 (-4) -1
3 Стојче Гочев +1 8755 94 1766 7 Кејн Салах wildcard 5 0 0
4 Крсте Танчевски -2 12206 74 1758 15 Салах Бруно 3xc 9 2 (-4) 5
5 Филип Митрески 0 15644 85 1751 22 Кејн Салах 3xc 4 4 (-8) 14
6 Оливер Михајловски +3 17048 105 1749 24 Сон Салах bboost 0 3 (-8) 1
7 Александар Настовски -1 24739 73 1738 35 Кејн Бруно 3xc 7 2 (-4) 8
8 Александар Бачески -1 25463 78 1737 36 Сон Бруно 4 1 14
9 Дане Србакоски -1 29400 89 1733 40 Кејн ДКЛ 3xc 5 2 (-4) -2
10 Виктор Јованоски 0 40746 79 1723 50 Кејн ДКЛ bboost 0 3 (-4) 11