ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и седмо коло

Ниту дваесет и седмото премиерлигашко коло не ги оправда високите очекувања што ги имавме за него, најмногу зашто Сити прими гол на двата натпревари, а Гундоган даде само еден на вториот. Оттука, немаше големи промени во Топ 10 во нашата ФПЛ.мк лига – и никакви во Топ 3.

Но, сега Александар Димовски врати малку од својата разлика на врвот – благодарение не на некој многу различен тим во однос на своите следачи, туку на одиграниот Bench Boost. Не му се исплател премногу, ама барем од Ел Мохамади собрал 8 поени. Другото е, горе-долу, по темплејт, па и поените не се далеку од просекот на Топ 1000: 90. Александар е сега шести во Македонија и 3.231-ви во светот.

Но, Дарко Попоски е сè уште релативно близу зад него: и покрај тоа што не изиграл Дарко џокер (па, и го нема со исклучок на втората вајлдкарта), пак собрал завидни 87 поени – -4 заради двојниот траснфер Лингард/КДБ место Бруно/Барнс. Благодарение на овој потег, Дарко собрал 7 поени повеќе отколку што би собрал без него, ама ретроспективно може и да не му бил најпаметен: Бруно, сепак, помина одлично со Сити (и се знаеше дека ќе биде така од 1 минута), а Лингард сега не смее да игра против Манчестер.  Но, настрана тоа, на патот кон врвот во ФПЛ.мк лигата, Дарко и натаму се искачува низ сите лиги. Во Македонија е сега осми, а 5.383-ти во светот.

Стојче Гочев заостанува сега малку повеќе од водечките двајца во споредба со минатото коло, но има уште TC и BB за искористување. А и има, благодарение на вајлдкартата од минатото коло, добро спремен тим за празното 29-то. Во ова поминал како и повеќето: задоволително од капитенот Гундоган, одлично од Кејн и Бруно, разочарувачки од Салах, ДКЛ и Воткинс.  За разлика од кај Александар и Дарко, кај Стојче имам и благ пад во однос на минатото коло, но не е тоа ништо неподносливо. Сè уште е во Топ 20 во Македонија и во Топ 10.000 во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски 0 3231 90 1863 0 Гундоган Салах BB 0 1 8
2 Дарко Попоски 0 5383 83 1851 12 Гундоган КДБ 13 2 (-4) 7
3 Стојче Гочев 0 9850 70 1836 27 Гундоган Кејн 4 0 0
4 Филип Митрески +1 12452 79 1830 33 Гундоган Кејн 12 0 0
5 Оливер Михајловски +1 20210 68 1817 46 Гундоган Кансело 15 2 (-4) 8
6 Крсте Танчевски -2 22173 56 1814 49 Гундоган Едерсон 15 1 2
7 Дане Србакоски +2 24435 78 1811 52 Кејн Салах 11 2 (-4) 2
8 Александар Настовски -1 37990 59 1797 66 Диас Кансело 7 1 -5
9 Виктор Јованоски +1 47250 67 1790 73 Гундоган Диас 8 0 0
10 Александар Бачески -2 64907 41 1778 85 Стерлинг Бруно 18 1 1