ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и четврто коло

Поради некои непредвидени околности и недостаток на време, ќе мораме малку да паузираме со најавите и хајлајтсите. Но, нашата ФПЛ.мк лига нема да ја запоставиме. А во неа, Крсте Танчевски изиграл страшна вајлдкарта, па и на релативно промашен капитен (Стерлинг, а не Гундоган) извлекол фантастични 112 поени и напредувал цели 10 места до четвртото. На првите три пак немаме никакви промени.

Значи, на врвот си останува Дарко Попоски. Колово направил мудар трансфер (Таргет место Џастин), но потоа го оставил Таргет на клупа, па изгубил 5 поени бидејќи Вокер-Питерс му донел само еден (а и нова главоболка со повреда). За среќа, надоместил остатокот од одбраната (Ми, Кансело, Мартинез), а и тешкашите во средина (Стерлинг, Гундоган, Салах, Бруно). И Дарко ја доделил капитенската трака на погрешниот Ситиевец, па морал да се прости од големиот ФПЛ куп и да се помири со неколку црвени стрелки на своето конто. Нема таква во Македонија, каде останува осми. 4.700-ти е во светот.

Александар Димовски не ги искористил околностите да му се доближи на Дарко: напротив – сега заостанува 6 поени повеќе. Но, колото за него почнало лошо уште пред да почне: го ставил Калверт-Луин рано, па останал без него. А бидејќи исто така повредени му беа и Антонио и Џастин, останал со само 11 играчи. Плус, и Александар го преферирал Стерлинг пред Гундоган, па може да биде и среќен што на толку несреќи, сепак останал во Топ 15 во Македонија и во Топ 7.000 во светот.

Трет е и натаму Стојче Гочев. Стојче ги погодил и трансферот и капитенот (Ми место Тирни и Гундоган), ама можело да биде сè и многу подобро ако и Ми и Гундоган не се повредеа на првите натпревари од нивното двојно коло. Покрај тоа, како и Александар, и Стојче може да жали што колово не се опорави навреме ниту Антонио, оставајќи го со релативно дефинирана единаесетка. Ова делумно и заради тоа што Стојче ни на голманската позиција немал многу среќа: од нигде-никаде, Тухел го стави Кепа место Менди против Шефилд, па на Стојче му влегол Мекарти при клиншит на Челзи. Сè на сè, 82 поени за неговиот тим и по некоја ситна црвена стрелка. Стојче е 26-ти во Македонија и 15.655-ти во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *