ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и трето коло
После четири кола без никакви промени во Топ 3 од нашата ФПЛ.мк лига, редно беше да видиме една. За жал на Александар Димовски (а за среќа на Дарко) – промената е баш на водечката позиција. Како што ретко се случува, напредувал оној што го утнал капитенот.
А тој е Дарко Попоски кој капитенската трака му ја доделил на Антонио – еден од тројцата играчи во неговиот тим што му донеле два или помалку поени (другите двајца се Кансело и несреќниот Соучек). Згора на сето тоа, Дарко згрешил и со трансферот: го ставил Ми (1 поен) место Цуфал (6). Плус, ниту распоредот на првата единаесетка не го погодил: Адамс му останал на клупа со 5 поени. Па, и покрај сите овие пропусти, Дарко собрал 77 поени, одлични 19 над просекот! Како резултат на ова, тој е сега не само прв во нашата лига, туку и осми во Македонија, а на работ е и да се пробие во Топ 3.000 менаџери во светот.
Не е воопшто далеку од Топ 3.000 ниту Александар Димовски, кој во моментов е не само едно место зад Дарко во нашата лига, туку и во македонската. Како и би било различно кога двајцата ги одвојува само 1 поен? За првпат по некое време, тој поен треба да го надоместува Александар, кој иако го погодил капитенот (храбро: Бруно Фернандеш), имал исклучително кошмарно коло. Исто како и Дарко, го згрешил и трансферот и распоредот на првите единаесет, но тоа Александар го чинело многу, многу поени: 10, зашто го ставил Антонио (2) место Калверт-Луин (12) и уште барем толку зашто ги оставил Гундоган (13) и Страук (6) на клупа. Мала утеха е за Александар што останал, сепак, 1 поен над просекот и што црвените стрелки не се големи: колово ќе му биде за заборав, зашто можело, всушност, да го однесе многу, многу високо.
Ситни црвени стрелки има и покрај името на Стојче Гочев кој петто коло со ред ја заокружува водечката тројка. Трансферот Сон место Салах се покажал на крајот добар (+3), а уште подобра се покажала идејата да се стартува прекрасната Лидсова тројка: Далас, Рафиња, Бамфорд. Многу поени Стојче собрал и од Гундоган, Бруно и Цуфал, па сигурно може да жали што, како и новиот лидер Дарко, одбрал да ја додели капитенската трака на раката на Антонио. На крајот, солидни 69 поени за Стојче колово кој е моментно на 28 поени од врвот во нашата лига и чудесни 192 од светскиот лидер. Да, секако дека е Норвежанец.
Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).
# | Тим и менаџер | ПР | СР | ПК | ВП | ПМ | К | ЗК | Џ | ПК | ТК | ТП |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Дарко Попоски | +1 | 3096 | 77 | 1534 | 0 | Антонио | Бруно | 8 | 1 | -5 | |
2 | Александар Димовски | -1 | 3312 | 59 | 1533 | 1 | Бруно | Бамфорд | 19 | 1 | -10 | |
3 | Стојче Гочев | 0 | 11328 | 69 | 1506 | 28 | Антонио | Сон | 3 | 1 | 3 | |
4 | Дане Србакоски | +2 | 21775 | 69 | 1490 | 44 | Бруно | Антонио | 2 | 1 | -1 | |
5 | Александар Настовски | -1 | 22303 | 66 | 1489 | 45 | Бруно | Антонио | 32 | 1 | -1 | |
6 | Оливер Михајловски | +5 | 22696 | 81 | 1489 | 45 | Бруно | Антонио | 20 | 1 | 0 | |
7 | Слободан Петков | -2 | 24038 | 65 | 1487 | 47 | Сон | Антонио | 15 | 2 | -1 | |
8 | Александар Бачески | +1 | 29833 | 67 | 1481 | 53 | Бруно | Стерлинг | 18 | 1 | 2 | |
9 | Филип Митрески | +5 | 34679 | 86 | 1477 | 57 | Бруно | Воткинс | 21 | 0 | 0 | |
10 | Игор Премуш | +3 | 37884 | 76 | 1475 | 59 | Сон | Бруно | 1 | 1 | -2 |