ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и прво коло

Изгледа залудно беше што предупредувавме дека огромна е веројатноста Манчестер Сити-Шефилд да заврши 1:0: најголем дел од менаџерите во нашата ФПЛ.мк лига се одлучиле капитенската трака да ја доделат на некој Ситиевец. Некои имале и среќа при изборот, зашто заменик-капитен им бил Салах – а капитенот (Стерлинг или Кансело) не им играше. Некои имале и додатна среќа зашто неиграњето на Стерлинг или Кансело им донело и некој поен од клупа преку Лидсовците. Некои трети, пак, имале несреќа зашто го ставиле ДКЛ наместо Бамфорд, заедно со Салах, играчот на ова коло.

Крсте Танчевски – четврт во нашата лига – е отелотворение на целиот ролеркостер на колово: и го ставил ДКЛ место Бамфорд и капитен му бил Стерлинг, а заменик-капитен Салах и, место Стерлинг, од клупа му влегол Далас. На негово место, да не знае човек дали да биде благодарен или разочаран. Истото важи и за Александар Настовски (осми) кој собрал доста зелени стрелки зашто Салах му станал капитен место Кансело и Далас му влегол место Чилвел, но кој исто така оставил и фантастични 25 поени на клупа зашто Бамфорд му бил дури трета измена, а Мартинез заменик-голман на Менди.

Како и да е, хаотичноста на колото на крајот некако се израмнила во слични резултати низ нашата лига, па водечката тројка и натаму останува водечка – и непромената. На врвот си е Александар Димовски кој не добил нешто ставајќи го ДКЛ место Кејн, ниту пак ставајќи го Евертоновец за заменик-капитен место Стерлинг. Но добил многу поени (и тоа прилично неочекувано) од другите свои двајца напаѓачи (Калум Вилсон и Патрик Бамфорд), како и од дефанзивната тројка Мартинез, Диас и Холдинг. Александар и онака беше високо, но сега отишол и уште повисоко: на работ од Топ 2.000 во светот и 5-ти во Македонија.

Доближен на 20 поени, зад него останува Дарко Попоски кој надоместил 6 од предноста на Александар колово. И нему самиот трансфер (Стерлинг место Рашфорд) не му направил некоја голема разлика, но му направило тоа што заменик-капитен му бил Салах чии 30 поени формираат околу 40% од 74-те што ги собрал Дарко колово. И повеќе од толку се собрани од тројката Мартинез, Далас и Бамфорд. Сè на сè, Дарко има 1.372 поени од почетокот на сезонава и е 10-ти во Македонија и 5.805-ти во светот.

За промена, на Стојче Гочев му играл капитенот (Гундоган) но му донел само 6 поени – иако толку многу други играчи (Менди, Диас, Далас, Рафиња, Салах, Бамфорд) му донеле значително повеќе. Практично имало поголема статистичка веројатност Стојче да го погоди капитенот отколку не – ама сепак го згрешил. Го згрешил и трансферот: Кансело место Балбуена. Нешто што не можел да згреши (за разлика од Александар Настовски, на пример) било клупата: официјалната игра му ги направила сите три автоматски измени, зашто покрај Кансело не му играли ни Тирни ни (очекувано) Кејн. Благодарение на 69-те поени колово, Стојче напредувал во повеќето лиги. 17-ти е во Македонија и 11.073-ти во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски 0 2061 68 1392 0 Стерлинг ДКЛ 2 1 2
2 Дарко Попоски 0 5804 74 1372 20 Стерлинг Салах 2 1 -3
3 Стојче Гочев 0 11071 69 1358 34 Гундоган Кансело 3 1 0
4 Крсте Танчевски 0 22197 58 1342 50 Стерлинг Салах 0 1 -13
5 Влахо Костов +1 27010 59 1337 55 Салах Фирмињо 0 2 (-4) 12
6 Слободан Петков +10 29724 83 1334 58 Салах Гундоган 9 1 -1
7 Бојан Бузлиев +7 30777 74 1333 59 Салах Сон 0 1 2
8 Александар Настовски +2 32095 62 1332 60 Кансело Салах 25 2 4
9 Оливер Михајловски -1 37761 56 1328 64 Стерлинг Салах 4 1 -13
10 Виктор Џамто -3 42339 51 1325 67 Стерлинг Гундоган 0 2 (-4) -1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *