ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и осмо коло

Дваесет и осмото коло беше коло на неколку изненадувања, па оттука и ниски бодовни просеци на првите единаесетки и високи на четворките на клупата. За илустрација, во Топ 10 од нашата ФПЛ.мк лига, просекот на поени оставени на клупа во ова коло беше 9,8. Со други зборови, нека ви е криво само доколку сте изгубиле повеќе од тоа. На водечката тројка, за среќа, не мора да им биде ништо криво зашто оставила 8, 3 и 4 поени на клупа. Ама дел од неа веќе не е Стојче Гочев кој имал кошмарно коло. Не заради 11-те поени на клупа, колку заради трите (трите!) повреди во прво полувреме (Пикфорд, Брн, Сон) и автоголот на Досон. Неговите прескромни 32 поени овозможиле поместувања во Топ 3. Но, не и на првите две места.

Значи, на врвот си останува Александар Димовски кој имал сосема солидно коло: 53 поени, 10 над просекот. Најмногу благодарение на двојната одбрана од Сити (Стоунс, Диас), а до некаде и на Рудигер, Воткинс и Калверт-Луин. Капитенот Бруно не му донел на Александар ништо; Страук му останал последна замена на клиншит; Сон му се повредил. Па, сепак, многу зелени стрелки во страничната графа, искачување на петто место во Македонија и 2.756-то во светот. Покрај тоа, Александар влегува во 29-тото коло како единствениот од Топ 10 со FH џокер на располагање.

И покрај црвените стрелки колово, не заостанува многу зад Александар Дарко Попоски. Дарко ја имал таа несреќа колово на 0:3 победа на Сити, да има двајца Ситиевци што не заиграа ни минута: КДБ (капитен) и Гундоган. За среќа, третиот Ситиевец му бил Кансело, па од него собрал 12 поени. Собрал и уште 4 од Таргет и по 6 од Далас и Калверт-Луин и, како за многумина, тоа било главнината. Разочарувачки од заменик-капитенот Салах и стандардниот кошмар за Топџиите Кејн, а и од Лидсовците Рафиња и Бамфорд. Вториот му се повреди на Дарко, па во 29-то коло влегува со можен играч помалку. Но, влегува и како деветти во Македонија и 6.118-ти во светот. Па, има со што да се теши. (Плус, Бамфорд може и да игра).

По лошото коло на Стојче, на третото место се проби Филип Митрески. И кај него ситуацијата слична како кај Александар: Диас и Стоунс во одбраната, а Калверт-Луин и Воткинс во нападот. Од овие четворица, Филип собрал дури 31 поен; од останатите 7, само уште 20. Вкупно, 51 или 8 поени над просекот. Оттука и многу зелени стрелки. Филип е сега 20-ти во Македонија и 11.672-ри во светот.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

# Тим и менаџер ПР СР ПК ВП ПМ К ЗК Џ ПК ТК ТП
1 Александар Димовски 0 2756 53 1916 0 Бруно Гундоган 8 1 4
2 Дарко Попоски 0 6118 46 1897 19 КДБ Салах 3 0 0
3 Филип Митрески +1 11672 51 1881 35 Салах Бруно 4 1 1
4 Оливер Михајловски +1 18288 52 1869 47 КДБ Салах 0 0 0
5 Стојче Гочев -2 18579 32 1868 48 Салах ДКЛ 11 1 0
6 Дане Србакоски +1 21581 53 1864 52 ДКЛ Бруно 17 1 6
7 Крсте Танчевски -1 24710 46 1860 56 Бруно Салах 19 1 3
8 Александар Настовски 0 41498 46 1843 73 Кејн Гундоган 6 0 0
9 Виктор Јованоски 0 48628 48 1838 78 Салах ДКЛ 16 1 8
10 Никола Антоноски +5 59900 62 1830 86 Бруно Гундоган 11 0 0