ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и второ коло

И четврто коло со ред никакви промени во редоследот на Топ 3 во нашата ФПЛ.мк лига, но барем ова неколку менаџери го искористиле за да ја намалат нивната предност. Никој подобро од Дане Србакоски кој колово го имал 2.570-тиот највисок скор во светот со неверојатни 116 поени и дури четворица играчи од тимот на колото (Џастин, Ван-Бисака, Бруно (c) и Медисон). Капата долу за Дане: скокнал 13 места и намалил триесетина поени од предноста на лидерот.

А тој, Александар Димовски, самоуверено ита кон титула во нашата лига, а и кон највисок светски пласман. Не само зашто, коло за коло, упорно се држи над просекот, туку и зашто засега има искористено само една вајлдкарта, а џокерите очигледни ќе станат многу битни периодов на хаотични двојни кола. Александар колово има собрано 82 поени и покрај утнатиот капитен (Салах) и и покрај тоа што на клупа му останал Соучек со 9 поени. Ама па сите други напаѓачи освен Салах (Гундо, Стерлинг, Бруно, Бамфорд, Вилсон, ДКЛ) му собрале поени, а тешко дека пред колово некој би сакал да биде без Египќанецот. Впрочем, тоа и му бил трансферот на Александар: Салах место Сон. Не сменил многу. Не се сменил многу ниту светскиот пласман на Александар, ама ситните промени се обележани со зелена стрелка: сега е 5-ти во Македонија и 1.820-ти во светот!

17 поени зад Александар во нашата лига е Дарко Попоски – што значи дека и на 82 поени на Александар, Дарко успеал да му намали некој бод на лидерот. Поточно, му намалил 3 – и тоа и покрај промашениот капитен и неискористениот трансфер (одлична вест во пресрет на двојните кола). Ама Дарко го оставил Соучек во прва постава, па сигурно се израдувал кога на Че Адамс му го поништија голот за минорен офсајд против Јунајтед, зашто тој му бил прва замена. И покрај високиот скор, Дарко – многу изненадувачки – паднал едно место во македонската лига (и сега е 11-ти) иако се искачил над 1.500 места во светски рамки, па сега е 4.258-ми. (Ако ви се верува, пред Дарко на светската табела има еден играч што почнал да ја игра играва од второ коло, што значи пропуштил барем 50-тина поени во првото. Како – ама како – е тоа можно?)

Водечката тројка ја заокружуваме одново со Стојче Гочев кој, како и Александар, го ставил Антонио место Кејн и Соучек на клупа. Ама за разлика од Александар, Стојче го имал и Тирни во прва постава, па како и пред две кола, Соучек му влегол во игра со завиден скор. Од сите играчи во првата постава на Стојче, само двајца не му направиле ништо: Далас и Салах. За жал, баш вториов му е капитен. Оттука и 79-те поени (можеле да бидат повеќе) и минималниот пад во македонската лига на 18-то место. Во светски рамки, исто како и Дарко, и Стојче напредувал, речиси 1.000 места до 10.794-то место.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *