ФПЛ.мк лига, состојба по второ коло

Иако пребогато со голови, второто коло не донесе никакви промени на водечките две позиции во ФПЛ.мк лигата; затоа, пак, имаме новодојденец на третата, а и ФПЛ менаџер што во едно коло прескокнал 108 луѓе за да влезе во Топ 10!

На врвот и натаму останува Иво Најдески и покрај тоа што од одбраната (со сè голманот) севкупно има собрано 3 бода и нема ниту еден од Топ 5 играчите за колово. Но, ги има Заха, Митровиќ и Ричарлисон, па и покрај сериозниот пад во светски рамки, сè уште го држи првото место во нашата лига.

Делумно тоа е и поради фактот што и Виктор Џамто собрал само некој бод над просекот за колово. Виктор го ставил Марсијал место Вернер и веднаш му ја доверил капитенската лента на Французинот, но не бил награден за тоа. За среќа, Сон и Митровиќ до некаде го покриле разочарувањето.

Слабото коло на водечките го искористил Баже Трифуновски кој собрал дури 84 поена колово, па се искачил и осум места на табелата. Калверт-Луин, Сон, Переира и Џастин се главните виновници за доброто коло на Баже, а помогнало и тоа што капитенот, Обамејанг, сепак му донесе асистенција.

Остатокот од Топ 10 во табелата подолу (застанете со курсорот над насловите на колоните за да ги одгатнете симболите). Благ поклон пред Дарјан Јордановски – и заради тоа што капитен го ставил Сон и заради тоа што, како последица на оваа одлука, се искачил цели 108 места на табелата во нашата лига!