Тим за дваесет и деветто коло

Благодарение на Поуп, Бруно Фернандеш и Хименез, ужасното минато коло собравме безмалку двојно повеќе од просекот: 47 поени. Ќе беше и точно двојно повеќе да го префериравме Чарли Тејлор пред апсолутно кој и да е друг играч од наведените тројца. Но, не можеме да речеме дека сме незадоволни. Напротив: продолжуваме со низот натпросечни кола кој трае од 14-то коло наваму. Единствените кола во кои нашиот тим освоил помалку од просекот (четири на број) се во претходните четиринаесет кола. Целта ни е (за разлика од Ливерпул) да продолжиме со исто до крајот на сезоната.

Но веќе 29-тото коло е голема пречка: со 100 милиони е многу тешко да се направи добар тим за двојното коло што е пред нас. И, впрочем, не сме премногу задоволни од она што излезе на крајот – затоа прочитајте ги и нашите желби и белешки. И да не беше двојно колово, којзнае дали некој ќе мислеше на Сити – или толку ќе се нервираше за Арсенал: многу екипи играат против добри противници, а и многу евтини играчи се во предобра форма за да се превидат.

Да бидеме попрецизни, правејќи го тимот за колово, сфативме дека е попаметно за оние што немаат повеќе од 103 милиони да не си ги расипуваат тимовите за да стават играчи за дуплото коло. Едноставно кажано, не вреди. Дури и да играте FH – ќе имате проблем да ги погодите играчите (читај: Пеп и Артета рулет), а и тешко дека ќе го склопите остатокот од тимот добро доколку одите со поскапите опции од Сити и Арсенал. Згора на сето тоа, освен ако немате исклучително добро подготвен тим, ќе изгубите сигурно барем петнаесетина поени подготвувајќи се за празното 31-во коло – или играјќи без неколку играчи во него.

За разлика од вас, ние ја имаме слободата да експериментираме, па го направивме токму тоа. Ова е нашиот тим за дваесет и деветтото коло.

Голман

https://www.watfordobserver.co.uk/resources/images/11002919/

На голот планиравме да одиме со Лено, но поради недостаток на средства (за сосема малку) – а и поради можноста да го појачаме тимот со Арсеналовци во средината – ќе одиме со Бен Фостер (4,9). Фостер веќе има 9 клиншита сезонава – а последниот му беше против никој друг туку самиот Ливерпул. А Кристал Палас не е екипа што дава многу голови: само Њукасл имаат дадено повеќе од нив.

Одбрана

https://cdn.footballfancast.com/wp-content/uploads/2020/03/Matt-Doherty.jpg

Во одбраната почнуваме (веќе стандардно) со Трент Александер-Арнолд (7,8). Младиот Скаузер одмори во ФА купот по шокот со Вотфорд и против Борнмут ќе има што да докажува. Ливерпул има 5 последователни клиншита против Црешите и гол-разлика од 17:0 од сезоната 2017/18 наваму. Прескап беше ТАА за нашите можности, но на крајот решивме да жртвуваме втор играч од Сити за него. Барем во моментов, веруваме дека сме во право.

А веруваме дека сме во право што направивме и неколку ротации за да го вметнеме и Мет Доерти (6,2) во тимот – особено откако две кола со ред го заобиколуваме во последен момент. Доерти има 1 гол, 2 асистенции и 3 клиншита во последниве 4 кола, во текот на кои има просек од 8,5 поени по коло. Во овој период, никој од дефанзивците во лигата нема шутнато повеќе од него на противничките голови (4), а само Робертсон има 14 допири во противничките шеснаесетници – исто колку и Ирецот. Згора на сето тоа, ОГ коефициентот на Доерти во последниве четири кола е меѓу повисоките во лигата: 1,08.

Последен во одбраната ни е Џон Иган (4,6), aka Шефилдовецот што го ставаме кога немаме пари за неговите колеги од одбраната. Норич се во форма, па не ни изгледа презагарантиран клиншитот во сабота – ама, па, Шефилд знаеше да си ја зачува нечепната мрежата против многу, многу појаки напади од оној на Канаринците.

Средина

https://paininthearsenal.com/wp-content/uploads/getty-images/2017/07/1203953960.jpeg

Средината, сепак, ќе ја почнеме со Кевин де Брујне (10,7): последните вести од Етихад се дека е на добар пат да закрепне, а ако има еден Ситиевец кој загарантирано би стартувал на два блиски натпревари кога е здрав, тоа е КДБ. Исто така, ако има еден Ситиевец што мора да се поседува сезонава – тоа е пак Белгиецот. КДБ придодаде уште 1 гол и 4 асистенции на своето конто минативе 6 кола, во кои има просек од 6,2 поени по натпревар. Никој нема повеќе обиди за асистенција од Де Брујне во последниве 6 кола – па не би се изненадиле доколку, на крајот на сезоната, КДБ го надмине рекордот на Анри. Му фалат само уште 4 асистенции во наредните 10 кола. И не заборавајте: КДБ е сега и на пенали!

Единствениот играч што има креирано повеќе шанси од КДБ последниве 6 кола е Мохамед Салах (12,8) – 6 vs. 5. Никој нема повеќе шутови од Салах во овој период (29), а малкумина се оние со повисок просек по коло периодот: 7,3. Многу побитно: Египќанецот игра против еден од своите омилени противници: на 5 натпревари против Црешите, Салах има дадено 7 гола и направено 1 асистенција. Ниту еднаш не останал должен за напаѓачки повраток. Веруваме дека сега е речиси невозможно да се случи нешто такво. Оттука, Салах ни е и заменик-капитен (VC).

Последните двајца во средината не би ги ставиле да немаше двојно коло – ама, па ако некогаш се ризикува, сигурно се прави тоа во двојни кола. И двајцата се Арсеналовци. Првиот е Никола Пепе (9,2). Ризик е на секаков план: и по број на минути и по конзистентност. Ама, па, ако игра – би можел сериозно да профитира од порозната одбрана на Вест Хем и исклучително напаѓачката на Арсенал: брз е, вешт е, изведува корнери и слободни удари. Ќе ни биде веројатно и differential: го имаат помалку од 5% од тимовите.

Вториот Арсеналовец во средината е Букајо Сака (4,6). Како што нè потсети нашиот најавувач, никој нема повеќе асистенции од младиот Англичанец, па можеме да го превидиме фактот што, наспроти класификацијата на ФПЛ, игра како лев бек (ќе биде одлична опција за наредната сезона кога неизбежно ќе биде прекомандуван). Тирни се враќа, ама Сака не направи ништо поради што би требало да го загуби местото. Очекуваме да игра доволно минути за да направи нешто. Дали и вистина ќе успее да придодаде уште некоја асистенција – тоа е тешко да се предвиди.

Напад

https://images2.minutemediacdn.com/image/fetch/c_fill,g_auto,f_auto,h_1090,w_1600/https%3A%2F%2Fpaininthearsenal.com%2Fwp-content%2Fuploads%2Fgetty-images%2F2017%2F07%2F1206677135.jpeg

Ама, секако, ќе очекуваме голови од Арсенал, зашто колку што Ливерпул обожава да игра со Вест Хем, толку Арсенал сака да игра против Чеканите. На последните 5 домашни натпревари против нив, Арсенал има 5 победи и гол-разлика 14:2. За жал, Пјер-Ерик Обамејанг (11,1) не се покажал премногу добро: само 1 гол и 1 асистенција во сите досегашни натпревари против градскиот ривал од источен Лондон. Против Сити нема направено никогаш ништо. Ама, па, има 6 гола на последниве 7 натпревари и просек од 6 поени по натпревар низ целата сезона. Оттука, не смееме да го превидиме за капитенската трака (C).

Кога сме кај превиди: како и неговиот клупски колега Доерти, и Диого Жота (6,3) го заобиколуваме две кола со ред без причина (во најдоброто коло го оставивме на клупа!) Против Брајтон ќе му доделиме место во првата единаесетка. Не е само поради ценовните ограничувања: Жота како да се прероди после хет-трикот со Еспањол и конечно го гледаме оној играч на кого се навикнавме лани. Колку за потсетување: Жота имаше 9 гола и 8 асистенции минатата сезона. Сегашниот скор му е 6 со 3.

И последниот наш напаѓач не е во тимот само поради ценовните ограничувања. Откако е Анчелоти на кормилото на Евертон, Доминик Калверт-Луин (6,4) е убедливо – и повторуваме: убедливо – најдобриот напаѓач во лигата. Прв е по постигнати голови, шутови на гол, шутови од опасната зона и собрани ФПЛ поени; втор е по ОГ коефициентот, бројот на големи шанси, вкупниот број на шутови, освоените бонус поени и очекуваните ФПЛ поени. Челзи има сериозни проблеми со повреди. Згора на сето тоа, има и сериозни проблеми како домаќин. Во тандем со Ричарлисон, ДКЛ сигурно би можел да го искористи ова.

Клупа

https://resources.premierleague.com/premierleague/photo/2020/02/12/44c10f69-e992-40f2-98d1-fac7c46f3a9f/Jack-Stephens.jpg

Се потрудивме најмногу што можевме, ама баш и немаме некоја клупа. Прв шанса за во тимот ќе чека Џек Стивенс (4,5): Светците примија три гола од Вест Хем, ама Њукасл има дадено само 24 сезонава. Би требало да извлечат клиншит.

Со 29 гола, напаѓачки, ни Шефилд не е нешто особено добар. А Норич живна. Оттука, Грант Хенли (4,0) ни е втора измена: прогнозите за дуелот меѓу ланските Чемпионшип конкуренти се движат меѓу 1:0 и 0:0 – па ние ќе се надеваме на второво.

Последен на клупата ни е Леандер Дендонкер (4,4). Да, до цената е.

Желби и белешки

https://images.daznservices.com/di/library/GOAL/14/18/sergio-aguero-manchester-city-2019_b1hlchjvyht01xn5veva6rqld.jpg?t=1467374621&quality=100

Многу сакавме во тимот да вметнеме уште еден Ситиевец: можеше да биде и некој одбранбен, можеше да биде и Ријад Махрез (8,4). Ама ние најмногу сакавме тоа да е Серхио Агуеро (11,9). Кун обично стартува во дербија, па би требало да игра и со Јунајтед и со Арсенал. И со двата тима има феноменален скор: има дадено по 9 гола на 11, односно 13 натпревари. Згора на сето тоа, Кун брка и рекорд со Јунајтед: само Жерард има дадено повеќе голови против Јунајтед во Премиер лигата (5 наспроти 4 на Агуеро), а само Руни (11), Џо Хејс и Френсис Ли (по 10) имаат дадено повеќе голови од него во градските пресметки низ сите натпреварувања. Криво ни е што не најдовме место ниту за Џејми Варди (9,7): иако сите го вадат, Варди им даде два гола на Астон Вила во првата пресметка (на гости), а не гледаме како Астон Вила ја подобри својата игра оттогаш. Напротив: само полоши се. Секако, не можеме да преболиме и тоа што го немаме Садио Мане (12,3) – кој не очекува убедлива победа на Ливерпул со Борнмут? – а и Раул Хименез (8,0). Има и други, ама би требало да може да се преживее без нив. Без овие четворица (чија цена ги направи недостижни за нас) ќе биде тешко да се гледаат некои натпревари колово.