ФПЛ.мк најава за дваесет и трето коло

Се чини дека дваесет и третото коло ќе биде последно нормално некое време: од 24-то до 28-мо ни следуваат пет двојни кола, а 29-тото ќе биде празно. Со други зборови, доаѓа време на џокери и разликувачи. А доаѓа време и на борба за титула. Колово нè чека дербито над сите дербија минативе неколку сезони: Ливерпул-Сити.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за дваесет и второ коло

Без застанување, веднаш по дваесет и првото следува дваесет и второто коло, во кое ќе видиме нов дерби натпревар помеѓу Тотенхем и Челзи и во кое Манчестер Сити ќе настојува да го продолжи својот победнички марш кон нова титула.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за дваесет и прво коло

Во дваесеттото коло, Шефилд ги изненади сите – најмногу Манчестер Јунајтед. Во дваесет и првото, ќе му гостува на другиот тим од истиот град. Треба ли да очекуваме уште едно изненадување или пак многу поени од Ситиевците? И што да очекуваме од дербито Јунајтед-Арсенал?

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за дваесетто коло

Можеби нема дваесеттото коло да донесе високи просеци како деветнаесеттото, но двата Манчестеровци играат против фенерџиите Шефилд и ВБА, па – што знаете? Тотенхем и Ливерпул, пак, играат големо дерби во четврток – преважно и за едните и за другите. 

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за деветнаесетто коло

Деветнаесеттото коло преку ноќ испадна единечно за Лидс и празно за Евертон – откако претходно изненадувачки стана убаво двојно за Сити. Настрана ФПЛ, ни го носи и најголемото премиерлигашко дерби: Ливерпул-Манчестер Јунајтед.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за осумнаесетто коло

Второто премиерлигашко коло во 2021-ва е и првото празно: ќе гледаме само шест меча во наредниве три дена. Ама, пак, во тие шест ќе ги видиме и двата Манчестера и Евертон и Тотенхем и Арсенал. Па, очекуваме и добар фудбал и добри ФПЛ просеци.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за седумнаесетто коло

Последното коло од 2020-та испадна лика и прилика на целата година: непредвидливо, хаотично и полно со „што ако?“ Ама, ајде 2021-ва ќе биде подобра. Среќна Нова, ФПЛ менаџери! Многу здравје, љубов и успеси нареднава година – а богами и понекој погоден троен капитен!

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за шеснаесетто коло

Шеснаесетто ќе биде последното коло за годинава. Оние со вајлдкарти – играјте ги сега. Останатите, молете се да нема многу играчи што ќе одмораат. И, секако, прочитајте ја нашата најава за информација повеќе.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за петнаесетто коло

Боксинг деј годинава ќе биде осиромашен од новогодишна атмосфера, а така некако ќе изгледа и Емирејтс ако Артета не успее да го добие Челзи. Многу веројатно, некој од Салах, Мане или Де Брујне ќе им донесе поран новогодишен подарок на многу ФПЛ менаџери. Само кој?

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк најава за четиринаесетто коло

Минатово коло уживавме во еден прекрасен дерби натпревар, Ливерпул-Тотенхем. Ова коло можеби немаме таков блокбастер, но имаме три меча што ветуваат доволно: Саутемптон-Сити, Тотенхем-Лестер и Евертон-Арсенал. На ФПЛ план, баш и немаме изразит фаворит за капитен. Можеби Салах.

Прочитајте повеќе
1 2 3 7