ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и деветто коло

Многунеделниот лидер Александар Димовски имал FH џокер за празното коло и, од некоја причина, не стигнал да го искористи. Многу веројатно, во спротивен случај, ќе се одлепел на врвот. Вака, пропуштајќи го рокот (длабоко сочувство), му дал можност на Дарко Попоски да избие на првата позиција. Филип Митревски останува трет.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и шесто коло

Дваесет и шестото премиерлигашко коло беше најголемото двојно коло во историјата на ФПЛ. Па, сепак, судејќи по освоените поени на водечките 10 во нашата ФПЛ.мк лига, беше и доволно изненадувачко за да не ја оправда употребата на вајлдкартите, поените од клупа и тројните капитени.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и петто коло

Веќе ја пофаливме вајлдкартата на Крсте Танчевски минатото коло; ова, дваесет и петто, само докажа дека и тој и ние сме биле во право. По два последователни трицифрени скора, Крсте ја разби монотонијата во Топ 3 во нашата ФПЛ.мк лига. Ама сè уште не е прв.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и четврто коло

Крсте Танчевски изиграл страшна вајлдкарта, па и на релативно промашен капитен (Стерлинг, а не Гундоган) извлекол фантастични 112 поени и напредувал цели 10 места до четвртото. На оние три пред него – никакви промени.

Прочитајте повеќе

ФПЛ.мк лига, состојба по дваесет и второ коло

И четврто коло со ред никакви промени во редоследот на Топ 3 во нашата ФПЛ.мк лига, но барем ова манчестеровсково неколку менаџери го искористиле за да ја намалат нивната предност. Никој подобро од Дане Србакоски.

Прочитајте повеќе
1 2 3 6