Капитени за дваесет и седмо коло

Би рекле доста добро дваесет и шесто коло од аспект на капитените. Пикот #1 Салах не нѐ почести со поени, но затоа пак пиковите #2 и #3 односно КДБ и Сон забележаа 14 односно 13 поени. Ниe сме задоволни, не од првиот пик, но повторно се решаваме за него:

ПИК #1: Мохамед Салах (12,8)

Црвените ќе пробаат да се опорават од поразот во ЛШ, а Мо би бил главен во еден таков поход, со 5 гола на последните 6 натпревари. Ниту еден средњак нема повеќе шутови (29) или шутови во шеснаесетникот (25) од него, а тој е исто така прв и по големи шанси (6). Само Сон (12) има повеќе шутови во рамки на голот од неговите 11. Тој е и најкреативен средњак, со создадени 7 големи шанси во овој период.

Ливерпул се на врвот на листите од сите напаѓачки категории во овој период, односно според бројот на голови (14), шутови (107), шутови во шеснаесетникот (77), шутови во рамки на голот (44) и големи шанси (23). Вест Хем примија 11 гола во изминативе 6 кола, подобро само од Борнмут (12) и Астон Вила (14), а само Њукасл (23) и Вила (26) им дозволиле на противниците повеќе големи шанси од нивните 19.

ПИК #2: Ентони Марсијал (7,9)

Марсиал постигна одличен гол со глава против Челзи, што беше негов втор во последните 6 кола. Во тој период само Армстронг (16), Сон (22) и Салах (29) имаат повеќе шутови од 14-те на Французинот. Тој исто така има две големи шанси и 5 шутови во рамки на голот.

Црвените ѓаволи имаат постигнато 6 гола во исто толку кола, а се шести по бројот на шутови (81). Со 29 шутови во рамки на голот го завземаат петтото место во оваа конкуренција. Вотфорд примија 7 гола во истиот тој период, забележувајќи само еден клиншит. Тие се седми одзади по бројот на дозволени шутови (80) а десетти според дозволени шутови во нивниот шеснаесетник (50).

ПИК #3: Дени Ингс (7,1)

Во минатото коло Ингс постигна одличен гол од свртување, што беше негов трет во последните шест кола, и само Агуеро со 6 е поуспешен меѓу напаѓачите. Англичанецот е четврти според шутовите (17), а трет според шутовите во рамки на голот (8) помеѓу напаѓачите.

Саутемптон постигна 8 гола во изминативе 6 кола, и се шести според бројот на шутови (81). Само Евертон (32), Сити (34), Лестер (38) и Ливерпул (44) имаат повеќе шутови во рамки на голот од нивните 29. Од друга страна ниту еден тим не примил повеќе голови во последните 6 кола од 14-те на Астон Вила, а тимот од Бирминхем е најлош и според бројот на шутови во нивниот шеснаесетник (70). Тие се четврти одзади и според бројот на шутови во рамки на нивниот гол (32).