Капитени за дваесет и осмо коло

Во изминатото коло повторно ги погодивме првите два капитенски пикови. Така и пикот #1 Салах и пикот #2 Марсијал забележаа по гол, а единствен без голгетерски учинок беше само пикот #3 Ингс, кој пропушти убави шанси за такво нешто. Во 28-то коло сме без два натпревара, па за прв пат ќе одиме само со два најсигурни избори за капитен.

ПИК #1: Мохамед Салах (12,8)

Против Вест Хем Салах го постигна петтиот гол на последните шест натпревари, и ниту еден средњак нема повеќе шутови во шеснаесетникот (25) ниту пак повеќе постигнати голови од Египќанецот во овој период. Само Сон (12) има повеќе шутови во рамки на голот од неговите 10, а Сон и Али (по 6) имаат повеќе големи шанси од неговите 5. Тој е трет по бројот на креирани шанси (зад Грилиш, Медисон и КДБ), а прв според создадени големи шанси (6).

Ниту еден тим не постигнал повеќе голови (15) или имал повеќе шутови во шеснаесетникот (81) од Ливерпул во изминативе 6 кола, а тие се први и според шутови во рамки на голот (44). Само Евертон (22) и Манчестер Сити (23) имале повеќе големи шанси од 21-те на Црвените. Нивните противници Вотфорд примија 9 гола во изминативе 6 кола, само 6 тима имаат примено повеќе. Стршлените имаат и седми најлош скор според дозволени шутови кон Фостер (85).

ПИК #2: Џејми Варди (9,7)

Формата на Варди е во надолна линија, но знаеме дека во секој момент тој може да експлодира и да ја наполни противничката мрежа. Во минатото коло немаше среќа, и ја погоди само стативата на Манчестер Сити. Ниту еден напаѓач нема повеќе гостински голови од Варду (9) а само Фирмино (18), Хименез (19) и Жезус (21) забележале повеќе шутови во рамки на голот од неговите 17. Тој е прв и според големите шанси на гостински терен (16), а само Хименез креирал повеќе големи шанси од неговите 3.

Лестер постигнал 28 гола на гости сезонава, послабо само од Сити (35). Актуелните шампиони се пред нив и според шутови во рамки на голот (98 према 77) и големи шанси (45 према 35) на противничките терени. Норич досега прими 26 гола на својот стадион, а полоши од нив се само Саутемптон со 30. Канаринците се најлош тим на домашен терен и според шутови во рамки на голот (77), а само Астон Вила (40) и Вест Хем (42) дозволиле повеќе големи шанси од нивните 35.