Капитени за дваесет и деветто коло

Неочекувано катастрофален избор во минатото коло. Очекувавме многу, но пикот #1 Салах (впрочем како и цел Ливерпул) имаше натпревар за заборав, а пикот #2 Варди воопшто не настапи против Норич, поради повреда. За следното коло со право се вртиме кон оние играчи кои би требало да играат два натпревари:

ПИК #1: Пјер-Емерик Обамејанг (11,0)

Обамејанг

 

Најдобриот стрелец (заедно со Варди) постигна 3 гола на исто толку натпревари по враќањето од суспензија во 25-то коло. Ниту еден напаѓач нема толку голови во тој период. Тој имаше 5 шутови во рамки на голот на тие меча, и влезе во 4 големи шанси. Тој е еден од најтрансферуваните играчи ова коло.

Арсенал постигна 10 гола во изминативе 6 кола, послабо само од Евертон (12) и Ливерпул (14). Тие го постигнаа ова, иако имаа најмал број на шутови (50) во овој период. Нивниот прв противник Вест Хем прими (најмногу!) 16 гола во овој период, незабележувајќи клиншит. Освен тоа Чеканите се најлоши и според дозволени шутови во рамки на голот (38), а само Астон Вила (22) има повеќе дозволени големи шанси од нивните 19. Двојното коло е против актуелниот шампион Манчестер Сити. Тие примија само 4 гола на изминативе 6 натпревари, а подобар од ова е само Барнли со 2. Сити имаат најдобар скор по бројот на најмалку дозволени шутови во рамки на голот (10) и големи шанси (4).

ПИК #2: Кевин Де Брујне (10,7)

 

Најкорисниот фпл играч со 178 поена досега, има 17 шута на последните 6 средби, послабо само од Сон (18), Армстронг (19) и Салах (30) помеѓу средњаците. Неговите 20 креирани шанси се послаби само од 21-те на Медисон, а само Ричарлисон и Салах (по 5) имаат креирано повеќе големи шанси од неговите 4.

Манчестер Сити постигна 6 гола на исто толку последни меча, со скор од 100 шута кој е послаб само од Челзи (102) и Ливерпул (107). Манчестер Јунејтед (32), Евертон (34) и Ливерпул (39) забележале повеќе шутови во рамки на голот од нивните 30. Граѓаните прво играат против Манчестер Јунајтед кој примил 5 гола на последните 6 средби (послабо само од Шефилд (4), Сити (4) и Барнли (2)). Во вториот натпревар го пречекуваат Арсенал, кој исто така примил 5 гола на последните 6 натпревари, и е на средината на табелата по бројот дозволени шутови (73). Тотенхем (17), Саутемптон, Њукасл (по 18), Вест Хем (19) и Астон Вила (22) се тимовите кои им дозволиле на противниците повеќе големи шанси од 16-те на Арсенал.