Даниел Стојановски е освојувачот на ФПЛ.мк титулата за 2019/20!
Е, па, толку беше: долгата 2019/20 сезона заврши. По огромна пауза, и повеќе од заслужено, Ливерпул станаа премиерлигашки шампиони, Сити одново постигнаа повеќе од сто гола, Челзи и Јунајтед ги пополнија местата што водат во Лига на шампиони и оттаму ги исфрлија Лестер, а Спарси им го земаа на Вулвси второто место за Лига Европа; наредната сезона во Премиер лигата нема веќе да ги гледаме Норич, Вотфорд и Борнмут – а Лидс, Вест Бромвич и уште еден од Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси ќе ги заземат нивните места.
За крај, се решивме да ви приготвиме неколку анализи на прикажаното сезонава од страна на најдобрите менаџери. Можете да скролате – а можете и да ја искористите содржината подолу за да скокнете до местото што најмногу ве интересира.
Конечна состојба во ФПЛ.мк лигата
Колку што беше возбудливо последното коло од Премиер лигата, толку не беше она од нашата ФПЛ.мк лига: сите поместувања беа од третото место по надолу. Првите двајца откако освоија безмалку исто поени во последново коло, ги задржаа водечките места.
Со други зборови, чест ни е и задоволство да го прогласиме за победник досегашниот лидер – Даниел Стојановски, чиј тим Консултанти сезонава собра 2385 поени – доволно за осмото место во Македонија и 4.271-то во свет.
Зад него, на втората позиција, сезоната ја заврши тимот MKD UTD на Кире Настовски кој, со 2363 поени може да се пофали со пласман во Топ 10,000 играчи во свет (8.882-ро место во свет) и во Топ 15 во Македонија (14-то место).
Со девет поени заостанување зад Кире, третото место во инаугуралната ФПЛ.мк лига го освои Royce United на Матеј Николовски, кој сезонава севкупно собра 2354 поени и заврши како 18-ти во Македонија и 11.679-ти во светот.
Сè на сè, вака изгледа заклучниот Топ 10 во ФПЛ.мк лигата:
# | Тим и менаџер | ПК | ВП | ПОЗ | П5К | ВПК | ПДПМ | ВРЕ | ТК (В) | ТВ (В) | K | ЏК | ЏВ |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Konsultanti Даниел Стојановски | 75 | 2385 | 4.3K | 81 | 49 | 55 | 107 | 56 | 217 | 0 | 108 | 0 (0) | 43 (20) | Стерлинг | / | WC (GW9) TC (GW24) WC (GW26) FH (GW39) BB (GW43) |
2 | MKD UTD Кире Настовски | 76 | 2363 | 8.9K | 75 | 56 | 56 | 73 | 79 | 296 | 22 | 103.9 | 1 (0) | 45 (4) | Кејн | / | WC (GW3) TC (GW24) BB (GW39) WC (GW40) FH (GW46) |
3 | Royce United Матеј Николовски | 74 | 2354 | 11.7K | 73 | 50 | 55 | 92 | 63 | 360 | 31 | 105.8 | 0 (0) | 41 (16) | Махрез | FH | WC (GW10) TC (GW15) BB (GW40) WC (GW42) FH (GW47) |
4 | Gladiators ⚔️⚽ Крсте Танчевски | 69 | 2351 | 13K | 88 | 70 | 68 | 89 | 76 | 260 | 34 | 104.4 | 2 (0) | 63 (16) | Стерлинг | / | WC (GW4) TC (GW24) BB (GW39) WC (GW40) FH (GW45) |
5 | vcf2prot Борис Симовски | 86 | 2346 | 14.8K | 76 | 49 | 65 | 61 | 79 | 195 | 39 | 107.1 | 1 (0) | 41 (24) | Де Брујне | / | WC (GW4) TC (GW24) WC (GW29) FH (GW39) BB (GW43) |
6 | VELINTER Велин Наков | 63 | 2340 | 17.6K | 65 | 77 | 52 | 70 | 72 | 211 | 45 | 103.9 | 0 (0) | 46 (16) | Стерлинг | FH | WC (GW9) TC (GW24) WC (GW27) BB (GW29) FH (GW47) |
7 | Pichi's-11 Синиша Секулоски | 85 | 2338 | 18.8K | 62 | 42 | 35 | 89 | 61 | 206 | 47 | 105.1 | 1 (0) | 51 (32) | Де Брујне | BB | WC (GW3) TC (GW24) FH (GW43) WC (GW44) BB (GW47) |
8 | Les Noirs Виктор Јованоски | 69 | 2337 | 19.2K | 55 | 67 | 64 | 67 | 70 | 152 | 48 | 102.4 | 2 (4) | 47 (12) | Стерлинг | TC | WC (GW3) TC (GW24) FH (GW43) WC (GW44) BB (GW47) |
9 | Suplji Kamen Томислав Даравелски | 76 | 2335 | 20.4K | 49 | 53 | 54 | 61 | 91 | 213 | 50 | 103.8 | 1 (0) | 51 (40) | Давид Силва | / | WC (GW5) WC (GW25) BB (GW39) FH (GW41) TC (GW42) |
10 | Lonely At the Top Горан Здравевски | 58 | 2326 | 25.9K | 53 | 59 | 51 | 78 | 78 | 215 | 59 | 105 | 2 (4) | 47 (56) | Стерлинг | / | WC (GW7) BB (GW12) TC (GW17) WC (GW28) FH (GW45) |
Мини-анализа на битката од последното коло
Во последното коло, Даниел влезе со 23 поени пред Кире Настовски – но и толку самоуверен во својот тим што дури и одлучил да не прави никаков трансфер. И вистина – како што можете да видите од тимот долу – со 0,3 во банка баш и немало многу ни простор ни потреба за ротација. Дури и со погрешниот Ситиевец за капитен, Даниел собра 75 поени колово – благодарение на одличната средина, но и на головите на Ван Дајк и Ингс:

Победничкиот тим на Даниел за 38+ коло
Кире имал повеќе во банка (и на крајот останал со 1,5) и се одлучил за разумен трансфер: Кејн на местото од Хименез за капитен. Да отишол со Обамејанг, ќе го изненадел Даниел. Вака, нема многу што да жали, зашто дури и да го погодел капитенот (Де Брујне место Кејн), пак ќе завршел на второто место – макар и го играл Ландстрам место Тарковски.

Тимот на Кире Настовски за 38+ коло
Единственото поместување во Топ 3 во текот на последново коло го имавме на третата позиција, на која се проби Матеј Николовски иако заостануваше два поени зад Крсте Танчевски пред почетокот на последните натпревари сезонава. Крсте имаше зачувано два трансфери за последното коло (ги стави Стерлинг и Питерс место Ливерпулците, Салах и ТАА), но Матеј имаше цел џокер (FH) и ова подолу е тимот со кого очекуваше да се искачи нагоре по табелата. Благодарение на доцните напаѓачки поврати на Махрез – тоа и се случи, но веројатно не онолку места на колку Матеј се надевал.

Тимот на Матеј Николовски за 38+ коло
Детална анализа на сезоната на Даниел Стојановски
Шампионот Даниел имаше одлична сезона: како што можете да видите од графиконот подолу, тој влезе во Топ 10.000 непосредно пред прекинот поради КОВИД-19 и оттогаш само во две кола (32+ и 33+) не беше дел од најдобрите 0,13% менаџери во светот. Уште побитно, сезоната ја заврши шампионски: неговиот пласман во последното коло му е најдобриот пласман сезонава:
Уште пофантастично од одличниот пласман на Даниел сезонава е што истиот не му е ниту најдобар, ниту, пак, втор најдобар во кариерата: во сезоната 2014/15, Даниел завршил 2499-ти во свет, а четири сезони пред тоа, во 2010/11 – сезоната на Одемвинги, Бент и Енди Керол (да, имаше таква сезона) – верувале или не, само 25 играчи во светот биле подобри од Даниел! По мини-падот од претходниве три сезони (ако и воопшто може да се нарече така, зашто Даниел никогаш не паднал вон топ 2% ФПЛ менаџери во светот: најлош пласман му е 150.883-ти во светот), му честитаме на Даниел за враќањето во друштвото на елитните меѓу елитните – и му посакуваме наредна сезона, на десетгодишнината од неговиот Топ 30 пласман, да отиде и чекор погоре и да се радуваме на македонски ФПЛ шампион.
Да се вратиме уште еднаш на моментната сезона на Даниел и да споделиме неколку интересни податоци од нашата анализа. Трент Александер-Арнолд бил играчот кој Даниел го стартувал најмногу пати – во сите освен едно коло сезонава. Тој му донел и најмногу поени релативно на цената (27,27 поени на милион). Најефективен му бил Мохамед Салах – кој му донел 260 поени или 11,3 по коло. Голем дел од овие поени се благодарение на фактот што Даниел ја ставил капитенската трака на раката на Египќанецот дури десет пати сезонава – што му донело 158 поени. Само еднаш помалку капитен му бил Рахим Стерлинг (106 поени), а зад него следуваат Варди (5), Де Брујне (4) и Бруно Фернандеш (4); покрај наведените, Даниел имал само уште пет различни капитени сезонава: Рашфорд (два пати), Агуеро, Абрахам, Обамејанг и Мане (сите по еднаш). Севкупно, имал и половичен успех со изборот: капитенот го погодил 20 пати (вклучително и тројниот), а погрешил 18. Најмногу поени од својот капитен освоил во првото коло (Стерлинг, 2*20=40) и во дваесет и четвртото (Салах, TC: 16*3=48). Коло по коло, тоа изгледа вака:
Во просек, Даниел освојувал 62,76 поени по коло – и дури 31 пат имал повеќе поени од просекот! Исклучок од традицијата биле само следниве седум кола: 2, 5, 10, 14, 17, 18 и 23. Најдобро коло му било 34+ кога освоил 107 поени, а најлошо 18-тото – кога собрал само 36 (2 поени под просекот).
Севкупно Даниел направил 43 трансфери што го чинеле 20 поени – а му донеле, во просек низ сезоната, 93 поени повеќе отколку кога не би ги направел (значи, е во плус 73). Најчесто ја играл формацијата 3-4-3 (14 пати), но најмногу поени, во просек по коло, му донела 4-3-3 (75,57 поени по коло; ја изиграл седум пати). На клупа Даниел оставал по само 5,71 поени по коло или севкупно 217 сезонава – најмногу во 33+ коло кога Иган (10), Барнс (8) и Хендерсон (3) му собрале 21 поен без да му влезат во првата единаесетка.
Ништо страшно – особено ако се има предвид безмалку совршената втора полусезона за Даниел. Уште еднаш му честитаме на големиот успех, му посакуваме уште поголем нареднава сезона – и го покануваме да ни пише на Фејсбук.
Сезонска анализа на ФПЛ.мк лигата (Топ 50)
Ајде сега да се префрлиме накратко на ФПЛ.мк лигата и, како за крај, да споделиме со вас неколку занимливи статистики. Од логистички причини, предвид ги земавме само најдобрите 50 менаџери.
Вредност на тим
Шампионот Даниел Стојановски шампионски ги менаџирал и парите: највреден тим меѓу оние во Топ 50 е неговиот, со 108 милиони. Од четирите највредни тимови зад него, само Борис Симовски ги искористил парите на доволно добар начин за да се пласира во Топ 5 – останатите тројца се вон Топ 20.
Тим и менаџер | Ранг | Тим |
---|---|---|
Konsultanti Даниел Стојановски | 1 | 108,0 |
vcf2prot Борис Симовски | 5 | 107,1 |
Sale masina Сале Цветковски | 39 | 107,0 |
Los Verdes Филип Стоилков | 26 | 106,8 |
Highway To Hell Александар Коцев | 24 | 106,6 |
Дека парите не се пресудни најдобар доказ е веројатно Баже Трифуновски: иако сезоната ја завршил со тим чија вредност е одвај малку над 100 милиони, неговиот конечен пласман е на 11-тото место во ФПЛ.мк лигата и меѓу Топ 30.000 менаџери во светот. Меѓу Топ 50 ФПЛ.мк менаџерите, има уште тројца со полоша вредност на тимот од него – но и со полош пласман:
Тим и менаџер | Ранг | Тим |
---|---|---|
Фк. Челзи-Муртино Александар Трифуновски | 44 | 98,4 |
Resurgent North Јован Битољану | 46 | 99,8 |
AMDIBAYRAMSPOR C.F. Мартин Мартин | 30 | 99,9 |
John Constantine Баже Трифуновски | 11 | 100,5 |
Let's talk about six Димитрија Ристевски | 41 | 100,9 |
Трансфери
Најмногу трансфери сезонава направил Виктор Стојановски – 95 или 2,5 по коло. Па, сепак, истите не го чинеле и најмногу поени (80). Сале Цветковски – кој сезонава ја заврши на 39-тото место во нашата лига – направил дури 14 трансфери помалку од Виктор (81 севкупно) но за нив платил дури 104 поени!
Име | Ранг | Трансфери | Трансфери/коло | Цена |
---|---|---|---|---|
drvce Виктор Стојановски | 37 | 95 | 2,50 | 80 |
#OleAtTheWheel Емил Цековски | 31 | 81 | 2,13 | 72 |
Sale masina Сале Цветковски | 39 | 81 | 2,13 | 104 |
Comeback is real Мартин Георгиевски | 36 | 72 | 1,89 | 48 |
PELISTER Александар Настовски | 23 | 65 | 1,71 | 16 |
Од друга страна, најмалку трансфери направил менаџерот на Wilshere Fitness – само 29. Некако, и за толку малку трансфери, пак платил со дури 20 поени. Александар Бачески направил само еден трансфер повеќе (30) и тоа го чинело само 4 поени. На овој план, најдобро менаџирал Бојан Стојковски: направил 40 трансфери – или, во просек, по малку повеќе од 1 трансфер по коло – и не платил ниту еден бод за нив. Тој е единствениот со ваков скор.
Име | Ранг | Трансфери | Трансфери/коло | Цена |
---|---|---|---|---|
Wilshere Fitness Армијата на Дејвид Мојс | 19 | 29 | 0,76 | 20 |
Pobeda FC Александар Бачески | 15 | 30 | 0,79 | 4 |
Пржински Горштаци ФК Вања Тулевски | 21 | 36 | 0,95 | 16 |
Фк. Челзи-Муртино Александар Трифуновски | 44 | 37 | 0,97 | 8 |
MATUMBA Горан Јанев | 20 | 37 | 0,97 | 8 |
Поени на клупа
Кога правевме полусезонска анализа, откривме дека најнесреќен од аспект на менаџирањето на првата единаесетка беше Александар Стојановски. За жал, ништо не му се сменило до крај – Александар оставил дури 393 поени на клупа, или во просек по повеќе од 10 на коло! Не е единствениот со толку висок просек: сите во Топ 5 имаат просек повисок од 9 поени на коло оставени на клупа! Зачудувачки, меѓу нив е Матеј Николовски кој, и покрај тоа што оставил дури 360 поени на клупа, сезонава ја заврши на третото место во нашата лига и меѓу Топ 12.000 менаџери во светот!
Име | Ранг | Поени на клупа |
---|---|---|
Nema Labavo Александар Стојановски | 27 | 393 |
Efendi Pandev Христијан Бакулески | 35 | 368 |
Tekinec Филип Трајаноски | 38 | 362 |
Royce United Матеј Николовски | 3 | 360 |
UnitedMacedonia Бојан Стојковски | 28 | 347 |
Колку што биле горниве пет несреќни, толку оние во долната табела биле среќни: ниту еден не оставил повеќе од 150 поени на клупа низ целата сезона – или сите имаат просек понизок од 4 поени по коло оставени вон првата единаесетка. Најдобриот меѓу нив, Мартин Георгиевски, оставал, просечно, по само 3,2 поени на клупа по коло! Па, ајде сите така наредна сезона!
Име | Ранг | Поени на клупа |
---|---|---|
Comeback is real Мартин Георгиевски | 36 | 121 |
PELISTER Александар Настовски | 23 | 123 |
John Constantine Баже Трифуновски | 11 | 130 |
Yung Tiller Васил Гичевски | 16 | 148 |
AMDIBAYRAMSPOR C.F. Мартин Мартин | 30 | 150 |
Топ 50, сортирлива табела
Доколку сакате да знаете повеќе за вашиот тим, повелете сортирлива табела на најдобрите 50 ФПЛ менаџери од нашата лига сезонава – па, слободно кликајте и споредувајте се. И уживајте наредниов месец – зашто многу брзо ќе дојде новата премиерлигашка сезона (12 септември). ФПЛ ќе дојде уште побрзо: ако се водиме по традицијата, би требало да можеме да почнеме да го планираме тимот за првото коло од 2020/21 веќе од 12-ти август.
А дотогаш – се одјавуваме и ние! Веројатно заслуживме малку одмор од анализи и најави. Се надеваме дека барем дел од нив ви помогнаа да остварите повисок пласман. Уште повеќе – се надеваме дека ќе се подобриме за наредна сезона. Поздрав!
# | Тим и менаџер | ВП | ПОЗ | ВПК | ПКК | ВРЕ | ТВ | Т/К | ЦТ |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Konsultanti Даниел Стојановски | 2385 | 4.3K | 217 | 5,71 | 108,0 | 43 | 1,13 | 20 |
2 | MKD UTD Кире Настовски | 2363 | 8.9K | 296 | 7,79 | 103,9 | 45 | 1,18 | 4 |
3 | Royce United Матеј Николовски | 2354 | 11.7K | 360 | 9,47 | 105,8 | 41 | 1,08 | 16 |
4 | Gladiators ⚔️⚽ Крсте Танчевски | 2351 | 13K | 260 | 6,84 | 104,4 | 63 | 1,66 | 16 |
5 | vcf2prot Борис Симовски | 2346 | 14.8K | 195 | 5,13 | 107,1 | 41 | 1,08 | 24 |
6 | VELINTER Велин Наков | 2340 | 17.6K | 211 | 5,55 | 103,9 | 46 | 1,21 | 16 |
7 | Pichi's-11 Синиша Секулоски | 2338 | 18.8K | 206 | 5,42 | 105,1 | 51 | 1,34 | 32 |
8 | Les Noirs Виктор Јованоски | 2337 | 19.2K | 152 | 4,00 | 102,4 | 47 | 1,24 | 12 |
9 | Suplji Kamen Томислав Даравелски | 2335 | 20.4K | 213 | 5,61 | 103,8 | 51 | 1,34 | 40 |
10 | Lonely At the Top Горан Здравевски | 2326 | 25.9K | 215 | 5,66 | 105,0 | 47 | 1,24 | 56 |
11 | John Constantine Баже Трифуновски | 2325 | 26.7K | 130 | 3,42 | 100,5 | 49 | 1,29 | 12 |
12 | Unknown Heroes FC Игор Премуш | 2325 | 26.9K | 196 | 5,16 | 105,1 | 56 | 1,47 | 36 |
13 | РК Охрид 2011 Атанас Поп-Стефанија | 2300 | 49K | 193 | 5,08 | 101,7 | 47 | 1,24 | 20 |
14 | Gialloblu Стојче Гочев | 2299 | 50.3K | 185 | 4,87 | 102,6 | 52 | 1,37 | 12 |
15 | Pobeda FC Александар Бачески | 2298 | 50.8K | 260 | 6,84 | 103,0 | 30 | 0,79 | 4 |
16 | Yung Tiller Васил Гичевски | 2297 | 52.9K | 148 | 3,89 | 105,1 | 58 | 1,53 | 20 |
17 | Blue Chelsea Дарко Тарандек | 2288 | 64.2K | 167 | 4,39 | 101,0 | 54 | 1,42 | 40 |
18 | The Legends Луис ван Авдо | 2274 | 85.8K | 171 | 4,50 | 102,7 | 55 | 1,45 | 32 |
19 | Wilshere Fitness Армијата на Дејвид Мојс | 2269 | 93.4K | 199 | 5,24 | 105,1 | 29 | 0,76 | 20 |
20 | MATUMBA Горан Јанев | 2269 | 93.6K | 227 | 5,97 | 104,4 | 37 | 0,97 | 8 |
21 | Пржински Горштаци ФК Вања Тулевски | 2267 | 97.3K | 277 | 7,29 | 105,7 | 36 | 0,95 | 16 |
22 | BITOLA Александар Настовски | 2266 | 100K | 283 | 7,45 | 102,7 | 51 | 1,34 | 4 |
23 | PELISTER Александар Настовски | 2255 | 123.6K | 123 | 3,24 | 102,7 | 65 | 1,71 | 16 |
24 | Highway To Hell Александар Коцев | 2251 | 131.6K | 210 | 5,53 | 106,6 | 42 | 1,11 | 4 |
25 | Jürgen Klopp Љубиша Костадиновски | 2244 | 148.5K | 157 | 4,13 | 102,5 | 41 | 1,08 | 24 |
26 | Los Verdes Филип Стоилков | 2241 | 156.2K | 277 | 7,29 | 106,8 | 38 | 1,00 | 20 |
27 | Nema Labavo Александар Стојановски | 2241 | 156.4K | 393 | 10,34 | 105,5 | 41 | 1,08 | 36 |
28 | UnitedMacedonia Бојан Стојковски | 2240 | 159K | 347 | 9,13 | 102,8 | 40 | 1,05 | 0 |
29 | Bregli FC Лазар Банов | 2240 | 159.1K | 292 | 7,68 | 104,9 | 41 | 1,08 | 16 |
30 | AMDIBAYRAMSPOR C.F. Мартин Мартин | 2236 | 169.7K | 150 | 3,95 | 99,9 | 39 | 1,03 | 12 |
31 | #OleAtTheWheel Емил Цековски | 2236 | 171.7K | 210 | 5,53 | 104,8 | 81 | 2,13 | 72 |
32 | FK Trgovski Мирослав Гроздановски | 2235 | 172.8K | 236 | 6,21 | 104,6 | 42 | 1,11 | 12 |
33 | !!! VIRGIL!!! Ице Беќаров | 2229 | 191.4K | 296 | 7,79 | 101,1 | 51 | 1,34 | 24 |
34 | Winter is coming Славчо Мицевски | 2220 | 218.8K | 203 | 5,34 | 104,1 | 38 | 1,00 | 20 |
35 | Efendi Pandev Христијан Бакулески | 2219 | 223.3K | 368 | 9,68 | 102,6 | 48 | 1,26 | 28 |
36 | Comeback is real Мартин Георгиевски | 2218 | 228.1K | 121 | 3,18 | 101,0 | 72 | 1,89 | 48 |
37 | drvce Виктор Стојановски | 2212 | 249.6K | 188 | 4,95 | 104,8 | 95 | 2,50 | 80 |
38 | Tekinec Филип Трајаноски | 2210 | 256.5K | 362 | 9,53 | 104,3 | 58 | 1,53 | 44 |
39 | Sale masina Сале Цветковски | 2203 | 284.5K | 339 | 8,92 | 107,0 | 81 | 2,13 | 104 |
40 | Blitzkrieg Марко Димитријевиќ | 2202 | 286.5K | 171 | 4,50 | 105,0 | 44 | 1,16 | 28 |
41 | Let's talk about six Димитрија Ристевски | 2200 | 296K | 166 | 4,37 | 100,9 | 56 | 1,47 | 16 |
42 | emonove Емилијан Новески | 2198 | 303.1K | 217 | 5,71 | 101,1 | 45 | 1,18 | 16 |
43 | Pashino Ruvci Дамјан Груевски | 2197 | 307K | 202 | 5,32 | 101,9 | 43 | 1,13 | 12 |
44 | Фк. Челзи-Муртино Александар Трифуновски | 2192 | 327.9K | 240 | 6,32 | 98,4 | 37 | 0,97 | 8 |
45 | PePeroni Кристијан Димовски | 2191 | 334.1K | 150 | 3,95 | 101,9 | 50 | 1,32 | 28 |
46 | Resurgent North Јован Битољану | 2186 | 357.3K | 254 | 6,68 | 99,8 | 51 | 1,34 | 16 |
47 | Cerberus Борис Кузманов | 2182 | 374.8K | 179 | 4,71 | 101,7 | 41 | 1,08 | 16 |
48 | Dr Fantasy Александар Слабакоски | 2181 | 379.6K | 323 | 8,50 | 102,2 | 41 | 1,08 | 8 |
49 | Zlatni Deca Никола Ј. | 2181 | 379.9K | 249 | 6,55 | 103,5 | 43 | 1,13 | 32 |
50 | MiTreX Team Филип Митрески | 2171 | 432.8K | 215 | 5,66 | 103,3 | 58 | 1,53 | 32 |